Вести

Купуваат милост од Трамп со донации за Салата за бал

Произраелски магнат на казина, технолошки гиганти, производители за оружје се најголемите донатори за Салата за бал во Белата куќа што ја гради Трамп. На списокот што протече до јавноста врие од компании и директори што склучиле договори со владата, извлекле корист од регулаторни мерки или добиле помилување од претседателот.

Дојде време да се укине престапната секунда

Глобалното тело за мерки реши да ја укине „престапната секунда“ со чие додавање се прилагодуваше официјалното глобално време со астрономското. Забрзаната ротација на Земјата  налагаше почесто поместување на времето на атомските часовници. Наместо секунда, се воведува „престапен час“, кој нема да ни биде проблем. Со него ќе се занимава некој по 1.000 години.

Големите американски банки одбивале „политички неподобни“ клиенти

Деветте најголеми американски банки вршеле дискриминација на клиенти врз основа на нивните проценети политички, идеолошки религиозни или социјални убедувања и деловни активности. На удар најчесто биле бизниси поврзани со рударство и експлоатација на фосилни горива, производители на огнено оружје и тутунската индустрија.

Речник

Повеќе затвори се единствено решение за преполнетите ќелии

Британија веднаш се соочи со очигледен неуспех на стратегијата за предвремено ослободување на стотици затвореници поради преполнетост на затворите. По само една недела голем дел се вратија зад решетки. Владата ќе мора да прифати дека нема друга можност освен да дозволи да биде надминат капацитетот на затворскиот систем, сè додека не се изградат нови затвори.

Банкарскиот гигант УБС сака да заминe од Швајцарија

Последната преостаната голема швајцарска банка сериозно разгледува потег што се чинеше за незамислив: да го напушти Цирих и да се пресели во странство. Најавата за заминување на УБС отвора голема дилема за властите во Берн: Дали да ги заострат регулативите за банките или да го задржат историскиот идентитет на Швајцарија како сигурен глобален финансиски сеф?

Кличко во ринг со Зеленски: Каде отидоа милијардите за одбрана на Киев?

Градоначалникот на Киев ги обвини претседателот Зеленски и неговата влада за копрупција и за злоупотребување на воената состојба за политички напади врз општинските власти. Токму пред грејната сезона владата ги замрзнала давачките за комуналните претпријатија, а Киев го оставила изложен на руски проектили, наспроти милијардите евра наменети за противвоздушна одбрана.

Не е решение да ги оставиш гладните да крадат

Роман Остриаков е 30-годишниот Украинец што едвај преживува во Италија кој ненамерно е на пат кон меѓународна слава, откако апелациониот суд во Џенова ја поништи неговата казна за кражба на кашкавал и сувомеснато во вредност од 4,07 евра. Судот одлучи дека храната била земена "заради итна и витална потреба од исхрана."

Како им се случи Трамп на Републиканците

По Индијана, Доналд Трамп речиси е гарантиран претседателски кандидат на Републиканската партија. Ова не радува голем дел од Републиканците, меѓу кои и Линдзи Грем, човекот кој во декември се повлече од трката за републиканска номинација.

Глоба по глава избркан бегалец

Казна за државите на ЕУ од 250.000 евра за секој одбиен бегалец е решението со кое Јункер планира да покаже дека Унијата има начини како да ги доведе до послушност своите членки и дека сите има да бидат хумани со добро или со лошо.

Тед Круз се повлече од трката за републиканска номинација

По катастрофалниот пораз во Индијана Тед Круз објави дека ја прекинува својата кампања за републикански кандидат за претседател на САД, со што Трамп остана единствен кандидат во трката кај Републиканците. На другата страна Берни Сандерс собра повеќе гласови од Хилари во Индијана.

Сè можевме ние, подолг да беше денот

За генерациите растени на Азра, Шарло или Булдожер, музиката на Јадранка Стојаковиќ повлекуваше едно прашање: "Како можат луѓе ова да слушаат?" Пар децении подоцна, истите генерации почнаа да се прашуваат: "Како можевме да бидеме толку глуви за ова на времето?" Јадранка Стојаковиќ почина на 66 години од животот во старечки дом во Босна.

Госпоѓица 300 денари

18-годишна девојка стана инстант онлајн сензација на мексиканските социјални медиуми, откако беше снимена како по сообраќајка сред бел ден се обидува да ги поткупи дојдените полицајци со 100 пезоси. Веднаш и закачија прекар Госпоѓица 100 пезоси.

Емиратите ќе градат планина

За разлика од сите останати проекти во тој дел од светот овој пат егото нема никаква врска со него, туку инспирацијата е чиста желба за преживување.

Колку пари извадија луѓето што ставија на Лестер

Секој што заради инает или на пијано во август минатата година ставил 20 фунти на Лестер дека ќе ја освои Премиер лигата, вчера вечерта само што стана побогат за 100.000 фунти.

Добриот, Лошиот и банкнотата од 500 евра

Неделава претставниците на Европската централна банка треба да разговараат за иднината на банкнотата од 500 евра, при што најверојатно ќе биде спомнат и случајот на Фабио Рици, италијанскиот политичар уапсен за корупција во чиј дом беа најдени над 17.000 евра, од кои најголемиот дел во 500-ки.

Рејдиохед се избришаа од интернет

Пичфорк пренесува дека твитовите и Фејсбук постовите на бендот почнаа да исчезнуваат од интернет, исто како и нивните профилни слики и содржините од нивната веб-страна.

Зошто Алепо е најжестокото боиште во Сирија?

Откако 2-месечното примирје попушти, а мировните преговори останаа заглавени, Алепо пак се врати во редовната фронтовска состојба. Само во последните 9 дена во воздушни напади на градот убиени се над 200 луѓе.

Телото на рускиот херој од Палмира вратено дома

Пред некое време пишувавме за припадникот на руските специјални сили кој повика воздушен напад директно на својата позиција, само за да не биде фатен жив од ИСИС. Телото на специјалецот вчера било вратено во Москва.

Отворен сефот на Принс со музика за еден век

ЕјБиСи њуз објавува дека во само што отворениот сеф на Принс било откриено доволно музика за да се објавува нов албум секоја година во следните 100 години.

Вечност во канџите на буџетот

Руските државни телевизии прилично се напнаа откако дознаа за картонот со цртеж од оган кој стои наместо ветениот вечен оган на еден споменик за загинатите советски војници во Втората светска војна.

Претседателскиот кандидат што сам себе би се помилувал

Меѓу ветувањата што ги има фаворитот за победник на претседателските избори на Филипините, е дека без проблем би се помилувал самиот себе за масовно убиство кое делумно и го најави.

Американска чистка низ Сирија

Морнаричките Фоки и Делта Форс имаат убиено околу 40 клучни оперативци на ИСИС кои се одговорни за организирање напади низ Европа и Африка, собирање финансии за организацијата и регрутирање.

Фрлам систем врз камењата

„Системот те лаже", веројатно без волја на авторите, не е ништо друго туку апотеоза на самиот Систем: општите места со кои Системот се гаѓа не погодуваат никого и ништо затоа што никој и не може да биде потресен со општи места, напротив; тоа е апстрактизација на бунтот. Она против што се апелира е речиси сè, а оној којшто гаѓа сè не погодува ништо.

Како Тито ги насамари Американците, или не

Документарецот на ХБО Европа, Хјустон имаме проблем, покажува како Тито го измамил Кенеди и за 2,5 милијарди долари му ја продал нефункционалната југословенска вселенска програма. Сето ова звучи запрепастувачки се додека не седнеш да го анализираш филмот.

Дали може Фејсбук да намести избори?

Пред некое време беше објавена информацијата дека вработен на Фејсбук на внатрешниот форум за вработени прашал дали компанијата има одговорност да го спречи Трамп да стане претседател на САД. За сега Зукерберг ништо нема одговорено на ова, ама никој не се сомнева дека може.

И Јужен Судан најде решение за политичката криза

Имаа војна од две и нешто години со десетици илјади мртви и пар милиони расселени. Ете ги денес лидерите на двете завојувани страни, на инаугурален говор во кој меѓусебно се ословуваа како браќа.

Вера на празно конто не влегува

Русинка успева да измами купувачи на станови за вкупно 2 милиони долари, не ги зема парите за себе, не и се за на доктор, туку за црквата и требаат. Скиентолошката црква.

Банкротирана Исламска држава

До пред само некој месец раскошниот рај на секој што има каков било проблем со Западот и нема никаков проблем со обезглавување луѓе, деновиве е во сериозни проблеми со немање пари.

Како да се помрдне сиромаштијата?

Уште на почетокот на кампањата Берни Сандерс ја знаеше слабата страна на својата изборна математика. "Ако не излезат работниците и сите оние кои живеат од својот труд, ништо не сме направиле," велеше тој будејќи ги надежите дека суштинска промена е можна. Веројатно е можна е, но не овојпат.