Глобата ќе биде придружен дел од планот за рамномерна дистрибуција на околу 160.000 бегалци меѓу членките на Унијата. Ова се луѓето кои летово успеаа да влезат во ЕУ пред затворање на балканската рута.
На планот му претходеше еден сличен проект изгласан во септември и покрај противењето на Полска, Словачка, Романија и Унгарија, кој ја немаше клаузулата за парична казна и заврши комплетен дебакл.
Во тоа време источно европските држави го одбија планот по две основи: прво сметаа дека примањето бегалци треба да биде суверена одлука на самата држава; и второ затоа што најголемиот дел нивните гласачи се невоздржано против муслиманската имиграција.
Претставниците на ЕУ ги обвинуваа овие влади дека не направиле доволно за да ги вдомат бегалците. Наспроти нив беа луѓето кои работат на терен со бегалците според кои планот не успеал затоа што бегалците немале никаква желба "да бидат преселени во сиромашните источно европски држави кога можеле да одат во Германија или Шведска."
Според планот на Јункер, на пример Унгарија на која на хартија и беа доделени 1.294 бегалци, од кои не прими ниту еден, ќе треба да плати казна од 323 милиони евра.
Со планот се поништува и правилото од Даблин, кое предвидува дека бегалците мора да бидат вратени во земјата во која влегле во ЕУ. Правилото се покажа како невозможно за спроведување откако безбедносните системи на Грција летово крахираа пред напливот на мигранти.
Пред гласањето за Брегзит, Британија најверојатно ќе биде помилувана од сите квоти за бегалци и потенцијални казни околу нивното неисполнување, само за дополнително не се вознемират нејзините гласачи.