Грем е долгогодишен републикански сенатор од Јужна Каролина, кој постојано зборува за проблемите во својата партија. Во март, во разговор со Чарли Роуз, тој објаснува како Трамп доминира на партиските избори и како овие избори се катастрофални за партијата.
Од интервјуто:
"Грем: Ние сме речиси подготвени да изгубиме од еден од најнечесните политичари во Америка, Хилари Клинтон.
Како е тоа можно? Ќе номинираш некој што е луд. Нечесниот го победува лудиот, а Доналд Трамп е комплетно луд.
Ќе бидеме поделени и ќе изгубиме.
35% од мојата партија верува дека Обама е муслиман роден во Кенија.
Тие го гледаат Доналд Трамп како анти-Обама, јак човек кој може да го поправи расипаниот град наречен Вашингтон, кој никому ништо не му должи, кој ќе ги доведе во ред нашите непријатели. Кој повторно ќе направи Америка да биде голема.
Јас пак гледам демагог, некој што има решенија кои никогаш нема да функционираат, кој игра со предрасудите на луѓето и мрачната страна на политиката.
Роуз: Изгледа како да велиш дека Хилари Клинтон ќе го победи Доналд Трамп.
Грем: Не изгледа како тоа да го кажувам, јас тоа го кажувам.
Еве што ќе кажам кога ќе изгубиме од Хилари. Прашањето со имиграцијата нè кине. Ние само го зголемуваме проблемот што го имаме со латино заедницата.
Дали некогаш си чул за премногу голем за да пропадне? Епа ние сме премногу тврдоглави за да победиме. Еве што ќе кажам во ноември кога ќе изгубиме: 'Ви реков!'
Ве молам престанете да ја напаѓате латино заедницата, и да тврдите дека најголем дел од нелегалните имигранти се нарко-дилери и силувачи - затоа што не се!
Ние губиме бидејќи се во демографска надолна линија. Колку пати треба да изгубиме за да сфатиме зошто губиме?
Доналд Трамп не е решението на нашите проблеми."