Кога Фејсбук потенцијално би сакал да намести избори прво нешто што ќе треба да направи е да открие кого точно треба да таргетира. Потоа имаат три точки на акција:
1. Да поттикне излегување на гласање на симпатизерите на кандидатот што тие го преферираат.
2. Да ги убеди независните гласачи да излезат и да дадат глас за нивниот кандидат.
3. Да ги таргетираат незаинтересираните гласачи кои би можеле да бидат убедени да излезат на избори.
Иако Фејсбук не открива какви точно заклучоци може да извади од однесувањето на своите корисници, тие речиси сигурно можат да соберат податоци според кои ќе ја утврдат нивната политичка предодреденост. Не е сигурно само дали ќе може лесно да ја утврдат апатијата на гласачите, иако до сега истражувачите успешно ги имаат искористено јавните податоци од Фејсбук за предвидување на карактерот на корисниците.
Под претпоставка дека ова го завршил (а многу е веројатно дека ќе го заврши), Фејсбук ќе треба да почне со убедување на гласачот. Ова делумно ќе биде завршено со најобични реклами на Фејсбук, меѓутоа ќе треба да биде надополнето и со прикажување на про-Фејсбук кандидатот стории и постови. Во вториот дел најважно е штимување, за тие да не бидат премногу чести и да не му збоктисаат на читателот.
За ова да им успее, Фејсбук само треба да ги искористи огромните количини на податоци за микротрагетирање. Па на пример ако знае дека си фан на кошарка, тие може на твојот њуз фид да ги форсираат сликите и сториите од твоите пријатели на кои преферираниот кандидат игра или присуствува на кошарка.
Исто така може и да го наштелува алгоритамот за на њуз фидот да ти се појавуваат повеќе постови за одредени теми за кои имате исти ставови со кандидатот. Пример, ако си Републиканец и си против имиграцијата, Фејсбук може да направи да добиваш повеќе статии на темата со соодветниот став на кандидатот.
Меѓу останатите алатки што ги има Фејсбук на располагање се коментарите, кои исто така би можел да ги штелува за секој пат да преовладуваат оние што се во корист на кандидатот.
Општата согласност е дека моќта на Фејсбук не е во неговиот капацитет да ти покажува и бира реклами, туку што може да го контролира твојот "поглед на светот од социјалните медиуми."
"Сурфањето на Фејсбук ти дава чувство на консензус кое е комплетно одредено од твојот избор на пријатели.
Студиите покажуваат дека најголемиот дел корисници на Фејсбук имаат зачудувачки хомоген круг на пријатели, во смисла на вкусови и политички верувања, па дури и географија. Твојот њуз фид, дури и сега, без никакви научно-фантастични манипулации, се стреми кон ехо комора," пишува Ден Носовиц во текстот за Њујорк магазин.
Заради и онака постојната поларизација и самонаметнатото затворањето на гласачите во ехо комори, веројатно најголемото влијание што Фејсбук може да го направи е да ги натера симпатизерите на нивниот кандидат да излезат да гласаат. До сега студиите потврдуваат дека секој корисник на Фејсбук што директно бил мобилизиран да излезе на гласање преку слика од негов пријател како гласа, со себе повлекол уште четворица други гласачи од својата мрежа.