Иако поседувањето на 17.000 евра, исто како и банкнотите од 500 евра само по себе не преставува прекршување на законот (ниту пак Рици е обвинет за овие пари), проблемот е што 500-те во одредени кругови веќе имаат имиџ дека служат само за незаконски дела.
Ова е и една од причините зошто ЕЦБ планира повлекување на 500-те. Меѓутоа целиот план наидува на сериозен отпор кај членките на евро-зоната од германско говорно подрачје, чиј главен страв е дека повлекувањето на 500-та е почеток на планот на ЕЦБ за укинување на готовината.
Земји како Германија, Австрија и Луксембург се противат на укинувањето на готовината од едноставно претпочитање на анонимен метод за плаќање (односно во готовина) до страв дека со комплетното укинување на кешот претставниците на централните банки ќе можат дополнително да ги симнат каматните стапки на банкарските влогови под нулата.
"Без адекватна деноминација во физички пари, ќе биде потешко за јавноста како самоодбрана да ги повлече своите заштеди," анализира Блумберг.
Имајќи го ова предвид, самото повлекување на 500-та речиси и нема да биде забележано во секојдневниот промет. Банкнотата ретко кога се појавува во дневни трансакции (во Шпанија прекарот и е "Бин Ладен" заради тоа што никој ја нема видено), а според првиот човек на Европол таа е "валута по избор" на криминалните и терористичките мрежи.
Самиот транскрипт од телефонските разговори на Рици покажува дека банкарите се крајно сомнителни кога ќе видат банкнота од 500 евра. Во разговорите, пријател му се жали на Рици дека шалтер му прават проблеми кога ќе "им дадеш банкнота од 200 евра, а тек па како ќе се однесуваат кога ќе ги видат тие 500-те што ги имаш горе."
Според податоците на Банката на Италија, во 2015-та во централната банка од најразлични финансиски институции се вратени во банкноти од 500 евра во вредност од околу 7,5 милијарди евра, а само 65 милиони се пуштени во оптек.
Во февруари, членот на извршниот борд на ЕЦБ, Беноа Кери, изјави дека тие активно размислуваат како да ја повлечат банкнотата иако имаат сериозно противење на тоа. Блумберг пренесува дека "моменталното размислување во седиштето на ЕЦБ во Франкфурт е дека ова најлесно би се постигнало со тоа што би се прекинало нејзиното производство, а тие што се во оптек би се оставиле да се дотрошат и уништат."
Логистички ова би значело дека за релативно кратко време би требало да се зголеми печатењето на банкноти од 50, 100 и 200 евра, што не е така едноставно бидејќи нивниот распоред за печатење се утврдува неколку години однапред.
Моментално од 1100 милијарди евра што се во оптек, околу 300 милијарди евра се во 500-ки. Според претставникот на австриската централна банка, вкупниот трошок за нивно повлекување, вклучувајќи го и транспортот, би изнесувал меѓу 500 и 600 милиони евра.