Пред војната Алепо е најголемиот град во Сирија, и главен комерцијален центар. Историски игра слична улога уште од времето на Александар Македонски, па потоа Византија и разни исламски династии.
Алепо беше еден од последните сириски градови кој се приклучи кон бунтот против владеењето на Асад.
Заради близината до турската граница и симболичното значење, митот е дека кој и да го освои Алепо ќе ја добие војната. Иако веројатно нема да значи крај на војната, за Асад е извонредно важно освојувањето на Алепо, кое би претставувало пресврт во судирот и речиси смртен удар за опозицијата.
Самиот град е на околу 50 километри од турската граница, и е во зоната во која Турција има сериозно влијание. Најголемиот дел од бунтовниците против Асад се снабдуваат преку турската граница. Доколку владините сили им ги отсечат овие рути, комплетно блокирајќи го градот, тоа би ги задушило бунтовниците, потенцијално присилувајќи ги да се предадат.
Во исто време ова ваквиот развој на настаните би бил подеднакво катастрофален за десетици илјади цивили кои живеат во градот.
Моменталниот статус е:
- Неколку населби во градот се под контрола на бунтовничките групи, кои се ракетирани и напаѓани од владини сили од запад, југ и исток. Единствената врска на бунтовниците со надворешноста е коридор за снабдување кој го поврзува градот со северните делови од провинцијата кои водат до турската граница.
- Владините сили и нивните сојузници ги контролираат источните населби, меѓународниот аеродром, и Наираб авијациската база.
- ИСИС контролираа неколку населби во Алепо, ама беа протерани од градот од бунтовниците на почетокот од 2014-та.
- Курдите контролираат неколку населби на северот од градот кои и пред војната беа претежно со курдско население.
- Меѓу сите нив има и лепеза од неколку исламистички групи без посебно влијание во однос на останатите сили.
Ова е сè што е останато од Алепо (снимката е од пред еден месец):