На 13 декември Алепо беше ослободен или падна, во зависност од тоа кои медиуми ги пратите и/или чија активност ви се појавува на Фејсбук. Притоа најчесто информацијата се сведуваше на она што го пишува во насловот, она што не се слушна е напишаното некаде при крајот на текстот, до кое голем број луѓе воопшто не стигаат, и во него содржи комплетно поинакви информации.