Поранешниот гувернер на Ново Мексико и претседателски кандидат на Либертаријанската партија покажа раскошно непознавање во областа на надворешната политика. На новинарско прашање за кризата во сирискиот град Алепо, Гери Џонсон потпраша:
Што е Алепо?
Откако му мина неверувањето дека човекот навистина не знае што е тоа, новинарот му објасни што е Алепо по што Џонсон рече:
Аха, сфаќам!
По што изрецитира нешто општо за подобрувањето на односите со Русија за средување на сириската криза.
Џонсон засега има околу 10 процентна поддршка на гласачкото тело, потребни му се 15% за да биде вклучен во дебатите. После ваквиот гаф, можно е на негово конто да се прелеат симпатизери на Трамп па тој навистина да стигне до таа цифра.