Во одбраната од сириската армија, бунтовниците без проблем ги користат некои од најскапите објекти во градот. На сликата на Ројтерс, група на војници од Армијата за Слободна Сирија, се сместени во една од побогатите куќи во градот. Додека снајперистот дежура на прозор, останатите војници одмораат по каучите.
Сепак, најголемиот дел од бунтовниците се наоѓаат меѓу разурнатите згради и куќи во Алепо.
Во 18-месечните судири се проценува дека имаат загинато речиси 20.000 лица, од кои најголемиот дел се цивили.