Се работи за постар поручник Александер Прокоренко, на кој постхумно Путин му го додели медалот Херој на Русија. На 18-ти март ИСИС објави дека убиле 5 руски војници во близина на Палмира. Информацијата не беше потврдена од Русија.
По загинувањето, телото на Прокоренко завршило во рацете на ИСИС, меѓутоа подоцна сириските Курди кои се бореа околу градот, успеваат да дојдат до него и да и го предадат на руската армија.
Според Росискаја Газета, Прокоренко го повикал ракетниот напад порачувајќи му преку радиоврска на својот командант: "Опколен сум - тука се. Не сакам да ме заробат."
Транскрипт од радио-пораката се појави и на социјалните медиуми: "Барам воздушен напад. Ќе се изживуваат и врз мене и врз униформата. Сакам да умрам со достоинство и сакам сите овие ѓубриња да умрат со мене. Те молам исполни ми го последното барање."
Оваа верзија на настаните објавена од Росискаја Газета е потврдена и од новинската агенција АФП.
Прокоренко на 6-ти мај ќе биде закопан во Городки, село во Оренбург регионот во централна Русија.