Во мај минатата година ИСИС го презема Палмира, градот во кој се наоѓаат неколку антички храмови и музеј преполн со статуи, споменици и останати бесценети артефакти. Уште од првиот ден почнаа да се шират извештаи за сето уништување што ИСИС во име на чистоверието го спроведува во Палмира. Минатата недела градот повторно е освоен од сириската армија.