Откако влегуваат во градот, силите на Асад откриваат масовни гробници и невидено уништување на сите антички градби. Иако некои градби, како Римскиот театар, ја преживуваат оваа неполна година под локална власт на ИСИС, најголемиот дел се сериозно разрушени.
Триумфалната капија во градот, изградена во третиот век, останува без нејзините сводови, иако дел од столбовите и понатаму опстојуваат.
За разлика од ова, Храмот на Бел е речиси комплетно срамнет со земја, а од него е останата само влезната порта.
Речиси се што е вредно во музејот во Палмира е украдено, а она што било премногу тешко за транспортирање, или не се исплатело да се продава е искршено, а на статуите што се останати во музејот им се откинати главите.