Вести

Без тапии, урнатините во Газа се ничија земја

Жителите на Газа на кои израелските бомби им ги уништиле куќите се плашат дека може трајно да останат бегалци, исто како и нивните баби и дедовци по 1948 година. Тапиите им се изгорени или закопани под урнатините. А, ако не приложат документи за сопственост, тешко ќе можат да ги спречат Израел и „мировниците“ да изградат бази или луксузни комплекси врз нивниот имот.

Германија дала 200 милиони евра за видео-игри за кои нема поим

Германската влада во изминатите седум години издвоила 221 милион евра за продукција на над 700 видео-игри, како обид да ја зајакне домашната гејминг индустрија. Но, никој во Берлин не води евиденција ни кои се игриците ни дали воопшто се достапни. Голем дел од парите се префрлаат на идеолошки проекти или на рекламирање приватни компании.

Јапонија нејќе шуто и рогато од странство

Јапонија е остров па се чини дека не би требало да има проблем со зголемена имиграција. Но и Англија е остров па види ја ти неа. Откако рекордно им се зголеми бројот на странци за само една година, јапонската влада драстично го зголеми давачките за дозволи за престој. Странците ќе мора да покажат приходи исти или повисоки од просечните јапонски приходи а во меѓувреме ќе треба и да го навежбаат јазикот. 

Речник

Канада ќе почека со еутаназија на луѓе со ментални болести

Владата во Отава се откажа до планот да ја прошири програмата за медицински помогната еутаназија (MAID) за лица кои страдаат исклучиво од ментална болест. Најави сосема нов закон, според кој пациенти со прогресивна болест ќе можат предвремено да се регистрираат за MAID пред да им се влоши здравјето до степен кога нема да можат самите да донесат свесна одлука.

Британија си отвори дупка од 160 милијарди долари

Воведувањето даноци за пари заработени надвор од земјата ги притисна ултрабогатите бизнисмени да ја напуштат Британија. Оние што во изминатите две години се преселиле во Монако, Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати однеле од земјата 160 милијарди долари. Според Блумберг, тоа се повеќе пари отколку што поседуваат богаташите што решија да останат.

Има нешто вечно во луѓето од Европа

Студија на Европските зелени откри „вечни хемикалии“ (PFAS) и нивни разградни продукти (TFA) во крвта на сите 110 тестирани волонтери од 9 држави. Притоа Хрватска отскокнува со алармантни 60% од испитаниците со зголемени вредности. Овие соединенија доаѓаат преку пестицидите и водата и влијаат на тироидната жлезда, имунитетот, плодноста и развојот на рана возраст. 

Норвешка е за нас, само кој да ги убеди

Новешка е најотпорна држава на пореметувања, било да се политички, економски, природни катастрофи или слично. Ние? Сексуално фантазираме за ЕУ додека сме во тројка со Кенија и Еквадор.

Обвинителите се откажаа од обвинението против Кевин Спејси

Единствениот случај кој заврши со официјално обвинение и кривичен прогон на Кевин Спејси за сексуално малтретирање, вчера беше прекинат и повлечен на барање на јавните обвинителите на Масачусетс кои требаа да го тераат случајот.

Јади, вежбај, јади, вежбај....

Овој едноставен рецепт за стил на живеење е добар начин да се дојде до поубаво тело. И одличен начин да се закачи мускулна дисморфија, пореметување кое зафаќа сè повеќе мажи, во нивната трка и неможност да постигнат „идеално“ тело по кое офкаат.

Шта је, Аустријци, фрка, а?

Оригиналот е со Евреи и Цане од Партибрејкерс им го има кажано тоа во клуб во Израел, кога почнала да работи дим-машината. Австријци влегуваат во штосот кога ќе дознаете чиј потомок е Цане.

Бајден до Трамп: Ако сум јас глуп, ај да правиме склекови (?)

Аспирантот за претседателската функција во САД, Џо Бајден порача дека ако Доналд Трамп реши да ја доведе во прашање неговата ментална состојба, тој ќе возврати со предизвикување на неговата физичка кондиција.

Европската Унија не е Европа

„За демократија - против ЕУ“ е насловот на анализата на британскиот колумнист Мајк Хјум во која се сугерира дека е суштински невозможно да се демократизира британското општество без да се напушти Европската Унија.

Мал чекор за човекот но голем за муабетите

За првите луѓе да стапнат на Месечината во 1969 беше потребен исклучителен напор на 400.000 вработени во НАСА. Од друга страна, беше доволен само еден човек за да се рашири гласината дека целата работа била измама. Се вика Бил Кајсинг.

Почнавме ли да заглупуваме?

Иако општите трендови досега покажуваа стабилен раст на квоциентот на интелигенција, сега се јавуваат обратни трендови. Некои скандинавски земји паѓаат уште од 90-тите години.

Америка го рехабилитира Хуавеи

Лобирањето на индустријата која заработуваше 11 милијарди долари од Хуавеи веќе дава резултати. За само две недели американскиот сектор за трговија ќе почне да штанца дозволи за продолжување на соработката со кинескиот телеком гигант.

Добрите затвореници ќе добиваат клучеви

Примерните британски затвореници во иднина ќе имаат клуч од својата ќелија, за да можат да отидат во кујна или теретана кога сакаат. Или пак самите да се заклучат во неа, пошто наоколу секакви ги има.

Не станавме дебели од што сакаме

Не е дека јадеме повеќе од порано и не е дека вежбаме помалку од порано, неочекувано тврди колумнист на Гардијан барајќи да престане товарењето на дебелите со грижа на совест дека немаат волја да ослабат. Потребна е волја, ама кај политиката и властите кои му дозволија на лакомиот капитализам да ги злоупотребува човечките слабости.

Харви Вајнстин е ноќна мора за адвокати

„Невозможен е за работа“ вели човек кој ги познава состојбите во адвокатската екипа на филмскиот могул кој чека судење за сексуални обвиненија. Истиот извор тврди дека Вајнстин се однесува како да снима филм. И уште е кај кастингот. 

Чизмата се смалува

За првпат во последните 90 години, Италија падна под 55 милиони жители. По сицилијанските села раѓање на бебе е толку ретка прилика што тоа се обележува со биење камбани.

Овошните сокови и ракот, по најново

Британски Телеграф пишува дека пиењето две чаши овошен сок дневно за 50% го менува ризикот од добивање рак. Во лоша насока. Крај нема ова.

Не можеле да ја дијагностицираат додека не ѝ ги виделе цртежите

Сведоштво на една жена која 20 години минувала по различни болници каде што ѝ биле давани контрадикторни дијагнози. Сè додека некој од лекарите не решил сериозно да погледне во она што таа го слика. Денес е доктор на науки, среќна е и слика.

Наскоро ќе снема темјан. Боже мој.

Мирисот кој ноздрвите ни го познаваат од црковните служби доаѓа од вид на дрвотo Босвелиа кое расте во Африка и Индија. Се предвидува дека бројот на дрвата Boswelia ќе опадне на 50% во следните 15 години.

Светски ден на населението: Многу сме

Не само што сме многу туку сме и неписмени и сиромашни. Два проблема кои само го зголемуваат оној првиот.

Руските попови ќе престанат да благословуваат оружје за масовно уништување

Јака им е логиката: војник може и треба да биде благословен затоа што ја брани татковината,. Кога војник се благословува, благословот го фаќа и неговото оружје. Ама пошто овие големиве ракети немаат човек, нека летаат сами, без божја помош

Австралија им ветува референдум на Абориџините

Иако го населуваат континентот 50.000 години пред Британците, на домородното население во Австралија сега ќе му треба поддршка од мнозинското население за и за нив да се направи место во уставот на државата. Генерално се 3% ама затоа по затвори ги има 30%.

Апс за педофилскиот пријател на Трамп и Клинтон

Американски милијардер, пријател со Трамп и Клинтон е уапсен зво Њујорк за трговија со луѓе и принудување малолетнички на проституција. Гадот имал посебен мерак на девојчиња од источна Европа.

Тинејџерски самолет преку континентот

Група тинејџери од Африка нарачале илјадници делови од авион, ги склопиле и со леталото успеале да го прелетаат целиот континент, од Јужна Африка до Египет. Секакви ги има.

Наследството на Сириза: Народ без надеж

Некому ќе му звучи познато ама, тоа е: „Кога дојдоа на власт верувавме дека нештата може да се променат. Сега веќе не веруваме во ништо,“ вели еден од бројните разочарани фанови на партијата која штотуку ги изгуби изборите во Грција.

Амазон сака да лансира 3.200 бродбенд сателити

Амазон се фаќа за небесното оро и им се придружува на SpaceX и OneWeb со барање за поставување неколку илјади сателити за брз интернет. Велат дека ќе можат да понудат услуга веќе кога првите 500 сателити ќе бидат на своите позиции.

Времето на бубашвабите допрва доаѓа

Денот од кој стравуваше гадливото човештво - и оние кои се занимаваат со дезинфекција, дезинсекција и дератизација - конечно доаѓа: бубашвабите стануваат непобедливи и отпорни на секоја хемикалија која ја имаме на лагер.