Од американската федерална комисија за комуникации, Амазон побара дозвола за лансирање во орбитата на точно 3.236 сателити кои се дел од нивниот амбициозен Куипер проект кој на милиони луѓе ширум планетата треба да им понудат брз сателитски интернет. Во моментов, 3,8 милијарди луѓе немаат пристап на интернет, меѓу нив 21,3 милиони Американци.
„Мисијата на Амазон е да биде компанија која е најмногу посветена на корисниците и системот Куипер е едeн од нашите најамбициозни проекти за исполнување на таа мисија,“ соопштија од Амазон.
Сателитите на Амазон би летале na 98 орбитални површини, на височини меѓу 599 и 629 километри од Земјата. После 10 години би де-орбитирале за да се намали штетата од создавањето вселенски отпад. Подготвени се да понудат комерцијални бродбенд сервиси кога ќе имаат поставено 578 сателити. Според нивниот план, до 2025 би можеле да поставуваат по 1.100 сателити годишно.
Ова е обид да се стигне Елон Маск кој е нешто понапред во трката. Има дозвола за 12.000 мали сателити, досега има поставено 60, како дел од нивното Старлинк соѕвездие. Но, во трката се вложени и лични енергии. Сателитскиот проект на Амазон им го води човек кој своевремено беше избркан од Маск.