Станува збор за германската бубашваба, што во случајов е ознака за националност а не за жителство (Blattella germanica) која е најраспространетиот урбан гад на светот. Просто, веќе ништо не ѝ можеме.
За да ја тестираат нивната актуелна издржливост, истражувачи половина година третирале три различни колонии бубашваби во неколку урбани блокови во Индијана и Илиноис. Ги рокале со три силни пестициди (борна киселина, абамектин, тиаметоксам), што одделно, што комбинирано. Шест месеци подоцна, колониите имале иста бројност како и на првиот ден. Тие покажале отпорност и кога биле третирани со сите три пестициди одеднаш, што е пракса на службите за ДДД.
За тоа како бубашвабите успеваат толку брзо да еволуираат и да развијат отпорности нема да стане јасно без дополнителни генетски истражувања. Но, има нешто во тоа што живеат само 100 дена и гените на најотпорните меѓу нив брзо се пренесуваат на следната генерација.
Во случај кога сите познати хемиски отрови веќе не ни вршат работа, експертите велат дека е потребна друга стратегија, позната како „интегриран менаџмент на штетници“. Има тука детали но муабетот се сведува на тоа да засукаме ракави, да затнеме нос и да се тепаме со гадовите.
*****
Види и: