Секоја програма за демократска реформа во Британија мора да почне - но не и да заврши - со брегзит. Напуштањето на ЕУ е предуслов за претворање на Велика Британија во вистински демократско општество, од две причини.
Прво, затоа што Европската Унија не само што е недемократска туку е инхерентно анти-демократска, одземајќи им ја на луѓето од Европа слободата да одлучуваат за сопствената судбина.
И второ, затоа што 17,4 милиони луѓе гласаа за заминување, што е најголемиот демократски мандат во британската историја. Ако естаблишментот си зема за право да го игнорира тоа, по кои тоа стандарди ние живееме во демократско општество?
Уште од своето создавање како Европска заедница за јаглен и челик во 1953 година, преку Еверопската економска заедница во 1956 па до ЕУ во 1993 година, една константа форсираана од ЕУ елитата е суштински анти-демократска - создавање систем кој ја одвојува моќта и контролата од каков било израз на народната волја.
Целта на ЕУ не е да ги претставува луѓето од Европа туку да ја зауздува народната сувереност и демократија. Европската Унија не е Европа, тоа е анти-демократска унија на европската политичка елита. Како што врвниот шпански новинар Мигуел Хереро де Мињон пишуваше за ЕУ пред 20 години:
„Недостатокот на демос (луѓе) е главна причина за недостатокот на демократија. Демократски систем без демос се сведува на кратија (моќ, владеење).“
Оттогаш, ЕУ се повеќе ја зголемува моќта на бирократијата и технократијата, на сметка на националната сувереност и народна демократија.
Британските „Останувачи“ велат дека треба „да останеме и да реформираме“. Идејата е дека Брисел може да се натера да ја пополни демократската дупка. Но, како што британскиот левичарски историчар Ерик Хобсбаум порачуваше, погрешно е да се зборува за „демократски дефицит“ на Европската Унија. ЕУ експлицитно е конструирана на не-демократска (не-изборна) основа и малкумина навистина веруваат дека може да биде поинаква. Ако го прифаќаме анти-демократскиот карактер на ЕУ и нејзините институции, зошто да се замараме да ги реформираме?