Шта је, Аустријци, фрка, а?

Оригиналот е со Евреи и Цане од Партибрејкерс им го има кажано тоа во клуб во Израел, кога почнала да работи дим-машината. Австријци влегуваат во штосот кога ќе дознаете чиј потомок е Цане.

„Јас сум потомок на Гаврило Принцип. Мајката на Гаврило и мојот пра-дедо биле брат и сестра. Ние семејно сме партибрејкери, партиберјкери низ епохите и времето,“ има кажано Цане во едно интервју.

Цане го брани својот предок односно вели дека за него во образованието постојат многу лаги, на пример дека неговиот куршум убива трудна жена. Според него, таквите детали ја сокриваат суштината на она што го направил Гаврило Принцип, а тоа е борба за слободата. Бидејќи не можел едноставно да напише: „Еј, Фердинанд, престане да нè угнетуваш“.

Низ историјата ние секогаш сакавме да им бидеме при рака на Австријците но секогаш бевме злоупотребувани. Гаврило не беше сам. Тука беа и муслимани и Хрвати. Мехмедбашиќ сака со нож намачкан со отров да го избоде царот во салата, Чабриновиќ фрла бомба. Гаврило од трет обид го направи тоа што го направи. Како што знаеме, царот сакаа да го убијат и Тин Ујевиќ и неговата екипа. Гаврило со свои неполни 19 години го даде животот за да можеме ние да живееме заедно“, вели Цане за Неделник. 

Ова негово сродство со Гаврило Принцип можеби малку го осветлува ставот кој го има и делата кои се зад него. Особено оваа песна:

 

17 јули 2019 - 12:10