Австралија им ветува референдум на Абориџините

Иако го населуваат континентот 50.000 години пред Британците, на домородното население во Австралија сега ќе му треба поддршка од мнозинското население за и за нив да се направи место во уставот на државата. Генерално се 3% ама затоа по затвори ги има 30%.

Австралија планира во рок од три години да распише референдум за уставно признавање на домородното население, тема која со децении предизвикува жестоки дебати во тамошната јавност.

Претходно ќе треба да биде постигнат договор со водачите на Абориџините кои бараат поголемо влијание врз управувањето на земјата. Пред две години тие предложија основање на советодавно тело во кое нивниот глас би имал поголема правна тежина но предлогот беше одбиен поради страхување дека на тој начин би се создал трет парламентарен дом во земјата. 

Првиот свој министер, како член на конзервативната партија, Абориџините го добија дури во 2017 година  а до 1960-та немаа право на глас 

Од вкупно 21 милион жители, тие бројат околу 700.000 и по сите социоекономски параметри се во потешка ситуација отколку остатокот од населението.

Кај Абориџините редовно се забележува поголема стапка на самоубиства, алкохолизам и семејно насилство. Имаат 10 години пократок животен век а даваат дури 27% од затворската популација во Австралија.

10 јули 2019 - 11:45