Минав реши две децении со ментални проблеми, затворана во разни психијатриски болници каде што докторите меѓусебе се расправаа што е тоа што не чини кај мене. Добивав безброј конфликти дијагнози кои ги додавав во колекцијата. Таа постојано растеше, јас постојано се чувствував неслушната и неразбрана.
Додека бев згрижена во болница во Кембриџ, почнав да го сликам она што го чувствувам. Беше хаотично но и катарзично. Пробував да ги интерпретирам моите болки и измачувања, создавајќи матни и апстрактни авто-портрети. Се чинеше како да постои некаква метафизичка транзиција од болеста кон сликањето. Никогаш не бев добра во прецизно цртање објекти и луѓе но овие дела беа директно и прецизно изразување на болеста. Ме ослободуваа, ми даваа глас.
Меѓу другото, имав тактилни халуцинации. Се чувствував како да имам бодликава жица околу вратот, како да сум давена. Го нацртав тоа. Му ги дадов цртежите на еден лекар и тој се согласи со тимот сериозно да ги разгледаат и анализираат. Не од естетска туку од медицинска страна. На тој начин, лекарската екипа успеа да постигне согласност околу мојата конечна формална дијагноза: шизоафективно пореметување. Ми препишаа прецизна и соодветна терапија која ми помогна. Дел од терапијата ми е и да продолжам да цртам што секојдневно го правев. Тоа ми го смени животот.
Во меѓувреме, докторирав на Кембриџ на тема како уметноста може да има дијагностичка и медицинска вредност. Моето опоравување преку уметноста беше суштина на моите тези. Морав да се опоравам за да ги докажам тезите и да го комплетирам докторатот.
Конечно успеав. Сега сум добра и среќна, со сосема нов живот кој го имам создадено. И натаму сликам секој ден, и тоа ми прави голем ќеиф.
Лорна Колинс, за Гардијан
На Твитер: @sensinglorna