Вести

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Легендата на „Монти Пајтон“, Џон Клиз, нагазува уште повеќе на тема ислам откако активисти поднесоа жалба со која побараа од британската програма за борба против радикализацијата да се испита случајот поради неговите ставови. Сите на кои им пречат неговите критики на исламот, Клиз ги потсетува да видат како беше третирано христијанството од него и другите монтитпајтоновци. 

Кој ги запали младите во Франција?

Се крева чад во близина на Ајфеловата кула, горат училишта, Париз е блокиран со барикади... Протестите што почнаа во училниците поради претерано напорен распоред на часовите прераснуваат во уличен хаос, потпалуван од левичарски и од исламистички групи, кој може само да биде подарок за претседателските амбиции на Марин Ле Пен.

Речник

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Во менталитетот на Американците е вградена теоријата дека поседувањето сопствен дом е сигурна инвестиција, која гарантира финансиски успех поради долгорочниот раст на цените на недвижностите. Сепак, анализа на „Волстрит журнал“ укажува дека во повеќето случаи е поисплатливо да се живее под кирија, а парите издвоени за домот да се оплодат со инвестиции.

Германците најмногу се плашат од сопствената влада

Помина времето кога Германците беа загрижени од климатските промени или од ризикот од војна. Главниот страв сега им e дали ќе останат без пари, состојбата на економијата и особено нефункционалноста на државата, покажува новото годишно истражување German Angst. Друга анкета покажа дека рејтингот на одобрување на канцеларот Мерц паднал на рекордно ниски 10%.

Во името на светиот Клод, ентер

Муабети во Силициумската долина стануваат сè почести дека инжинерски кругови околу моделот на вештачка интелигенција, Клод, кон него се однесуваат како кон божество. А моделот на човечкото однесување во такви ситуации е познат. Прво обожуваш, па коленичиш пред него па на крај му принесуваш жртви.

Викенд затворањето на Париз би било нехумано

Париз и околината викендите треба да ги минат под клуч како на почетокот од пандемијата, за да се намали ширењето на коронавирусот. Иако ова може е медицински исправно, човечки не се додржува.

Германските банки станаа алергични на штедење

Германците каде сакаат нека ги носат парите само да не ги товарат на своите сметки во германските банки, е молбата баш на германските банки.

Твитер за вакцините: Пет корни - пенал

За првиот твит околу вакцините за кој началството ќе процени дека е лажен или заведувачки се добива опомена. За петтиот - трајно суспендирање на акаунтот. Оние помеѓу повлекуваат часови или денови заклучување на твитер профилот.

Светов има договорено 9,6 милијарди вакцини

Блумберг регистрира договори меѓу држави и фармацевтски компании за испорака на вакцини за коронавирус. Не само што оние кои досега ги добивме ги собираше во гепек, туку, според нивниот тракер, и оние кои во Македонија треба допрва да дојдат се очајно малку.

Конгресот никој не го прашува за војна

Амрикански конгресмени од редот на Демократите кои беа најгласни во барањата Трамп да не презема никакви операции без дозвола од претставничкиот дом, останаа со прстот во уста откако Бајден реши да бомбардира во Сирија без да го стори истото.

Новиот дом на Навални, „место на кое те носат за да те скршат“

Следните две и пол години Навални ќе ги мине во затворската колонија ИК-2 во регионот Владимир на некои 3 часа возење од Москва, и според луѓе што биле таму, ова е еден од најтешките затвори во земјата.

Убиството на Кашоги, од почеток од крај

Заклучокот на документот што го објави Бајден е дека саудискиот престолонаследник, Мухамед бин Салман, со сигурност одобрил, а најверојатно и го наредил, убиството на Џамал Кашоги.

Рамковните предизвици на САД

ДНК тест на средовечен белец од Калифорнија покажал дека тој, меѓу другото, има и шест проценти црнечки гени. Сега се бори да се квалификува за субвенции кои им се даваат на бизниси на припадници на малцинствата. 

Руски дипломати на дресина излегле од Северна Кореја

Руски дипломати и нивните семејства ја напуштиле Северна Кореја со железничка количка на рачен погон. Немало друг начин заради мерките донесени поради пандемијата која во земјата, официјално, ја нема.

Мажите се од Марс, гребнатите од Венера

На тековната конференција на американските кознервативци (CPAC), покрај звучните тешкаши како Доналд Трамп, Тед Круз и Мајк Помпео, на располагање се и специјални гости од странство, како на пример политичкото крило на еден јапонски религиозен култ кои веруваат дека нивниот лидер е реинкарнација на вонземјанин од Венера кој го има создадено животот на Земјата пред осум милиони години.

АстраЗенека никој не ја чека

Бомбастичните предупредувања на луѓе како Макрон ѝ некои прелиминарни извештаи ѝ направија огромна штета на довербата во британската вакцина АстраЗенека. Германија трупа залихи, луѓе ја нејќат. Ете ни шанса бидејќи кај би завршило нешто што го нејќат, ако не кај нас?

Дојче телеком сам себе се изненади колку пари направи во 2020

За прв пат во историјата германскиот телекомски гигант сврте повеќе од 100 милијарди евра во рок од една година.

Ендрју, Куомо Вадис?

Гувернерот на Њујорк стана мега-ѕвезда во време на пандемијата па дури доби и Еми награда за дневните брифинзи во 2020. Сега пропаѓа во скандали; испадна дека ги лажирал бројките на заболени а на врат му е и скандал за сексуално малтретирање.

Да не остане покусо, и Њујорк извади своја верзија на ковид-19

Новата верзија на ковид-19 која се шири низ Њујорк, меѓу другото носи и мутација која помага да се избегне имунитетниот систем, плус најверојатно ја намалува ефикасноста на вакцините.

Твитер ќе дозволи да наплаќаш пари за своите твитови

Една од новите опции што ги најави Твитер се вика Супер фолоус, и во основа им дозволува на корисниците да почнат да наплаќаат пари за пристап до некои или сите од своите твитови, нешто како Онлифанс за твитерџии.

Колку пари ти требаат за да бидеш во најбогатите 1% во светот?

Главниот заклучок е дека зависи од земјата, а кај земјата најчесто зависи од тоа колку даноци решила да им постави на богатите.

Ал Џезира стартуваше платформа за десничари

Се вика Рајтли (Rightly), замислена е како простор за американските десничари и вам може ви е неверојатно, ама на вработените на катарската Ал Џезира им е и неверојатно и нејасно и непријатно.

2020 Јапонија ја завршила со помалку умрени од вообичаено

Сред пандемија која незапирливо хара низ планетава, во Јапонија падна бројот на смртни случаи главно затоа што кога решија да се пазат се пазеа како што треба.

Мајка, жена, куќна помошничка

Пекиншки суд за разводи му наредил на разведен маж да ѝ плати на доскорешната сопруга за домаќинските работи кои ги извршувала додека биле во брак. Случајот е маркантен и предизвикува големи полемики а од изречената пресуда, и двете страни можат да бидат незадоволни. 

Амнести интернешнл заглавен во магичен „воук“ круг

Алексеј Навални во средината на јануари од Амнести интернешнл доби статус на „затвореник на совеста“. Околу еден месец подоцна истата оваа огранизација на истиот овој Навални му го укина тој статус по основа на „говор на омраза“.

Недраг ми е Фокс ама негово цензурирање ми е уште понедраго

Мала, неизбрана група на директори на моќни гиганти, со секири влегуваат во просторот на слободниот говор и мисла а чирлидерки се прогресивни политичари. Што може да тргне наопаку?

Хуавеи сврте на свињарство

Кога и по доаѓањето на Бајден останаа заглавени со проблемот со санкции од времето на Трамп, Хуавеи почнаа да бараат чаре на друго место, пример кај свињи.

Ако се врати, Трамп ќе ја освои републиканската кандидатура во 2024

Само од Трамп зависи дали пак ќе се кандидира во 2024, бидејќи ако реши Републиканската партија нема да има ниту против, ниту како да го запре, порачува Мит Ромни.

Спектакл, Мијалков имал температура и бил во изолација

Поранешниот директор на УБК денес попладнето сам отиде да се пријави во Обвинителството, откако вчерашниот ден го минал во изолација заради симптоми на ковид.