Жената ќе добие 7.700 долари за петгодишниот „неплатен труд“ додека била во брак и се грижела за домаќинството. Како да била куќна помошничка за хонорар од 128 долари месечно. Во Пекинг, тешко се наоѓа домашна помошничка за толку малку пари.
Некои мислат дека отштетата е премала, други мислат дека е преглупо суд ретроактивно да проценува како било во нечиј брак.
Разводот го побарал тој. Таа прво нејќела да чуе, подоцна ѝ текнало дека може да му бара пари бидејќи ништо не пипал по дома.
Ваквиот бракоразводен епилог е согласно новиот кинески закон по кој еден од партнерите може да бара отштета во случај другиот партнер несразмерно малку да се трудел околу заедничките работи. Тоа досега беше можно само со предбрачни договори.