Кога Ралф Тејлор (на фотосот) во 1963 година се родил во Сакраменто, неговиот извод недвосмислено констатирал дека е дете на бели родители. Но, како и во други семејства, и тој има растено со фамилијарни приказни како во минатото постоеле крвни сродства со домородното население.
Во 2010 година прави ДНК тест кој беше многу популарен кај Американците за да го откријат своето потекло, неретко и со политички мотиви (види: Елизабет Ворен докажа декa е Скво). Спореед тестот, испаѓа дека Тејлор е 90 проценти белец со европско потекло но има 6% индијански и 4%‘ црнечки гени.
Тие тестови инаку се прилично спорни затоа што методологијата не им е најтранспарентна и според некои експерти, најпаметно е да се искористат за правење авиончиња од хартија.
Но, Тејлор на ум имал друга работа: го сменил својот извод и сега во него е и белец и домородец и црнец па фатил да се пријавува во оние програми за субвенционирање бизниси за припадници на малцинствата и други загрозени групи.
На државно ниво му успеало да докаже дека има право да биде субвенциониран црнец но на федерално ниво и натаму има проблеми да докаже дека е квалификуван за тие фондови.
Подготвен е да оди и до Врховен суд и вика дека не е фер синот на милионерот Мајкл Џордан да може да се пријавува за тие пари а тој, кутар црнец без нигде никого, да не може.