Обраќањето на Хироаки „Џеј“ Ааеба е закажано за денес и тој во хотелот Риџенси во Орландо ќе настапи веднаш после Трамп Јуниор а се очекува на присутните да им ја објасни кинеската закана за САД.
Не му е првпат, цели 10 години доаѓа на оваа републиканска фешта. Во документите на конференцијата се води како лидер на Јапонската конзервативна унија, која е десничарска организација. Она што не е спомнато е дека Џеј истовремено е еден од централните ликови ва јапонската секта „Среќна наука“ чиј лидер верува дека е месија и продава „чудотворни лекови“ за ковид-19.
„Happy Science е јапонски култ воден од човек кој тврди дека е инкарнација на неколку богови и дека може да ги канализира духовните енергии на кого сака, од ацтечки змејови па до Башар ал Асад,“ објаснува за Вајс Сара Хајтауер, експерт за јапонски култови.
Во тој култ Џеј Аеба членува уште од самиот почеток а имаат и политичко крило, таканаречена Партија на остварување на среќата која се смета за „третиот пат“ и е ултранационалистичка, ксенофобна и уплашена поради малубројноста на јапонската нација. Една од целите им е со радикални мерки, сегашната јапонска популација од 126 милиони да ја зголемат за 2,5 пати и да дојдат до барем 300 милиони за да колку-толку, можат да се тепаат со Кинези, Корејци и други душмани.
За 12 години колку што постои, Партијата на среќата ниеднаш не успеа да избутка свој човек во јапонскиот парламент но на домашен терен угледот ѝ расте, особено откако Аеба се поврза со звучни имињеа оа американската конзервативна сцена како Стив Бенон и Мет Шлеп.
„Среќна наука“ е формирана во 1986 година од Риухо Окава, бивш берзантски трговец од Вол Стрит кој тврди дека е реинкарнација на Буда кој пак. е реинкарнација на Ел Кантаре, Бог од Венера кој пред 8 милиони години го создал животот на нашата планета. Откако е регистрирана како култ, брзо добива приврзаници, а Окава станува многу богат човек чии годишни приходи изнесуваат околу 45 милиони долари.
Бидејќи може да зборува и со живи и со мртви, на една средба на нивниот лондонски огранок била изведена сеанса со духот на Маргарет Тачер. Меѓу другото, Окава има напишано преку 500 книги, за НЛО-а, демонски војни и слично а последните му се за ковид и како е тоа дојдено од друга планета. „Чудотворните лекови“ за ковид ги продаваат за околу 400 долари а се сведуваат главно на благослови кои го зголемуваат имунитетот.