Првичниот статус од 17 јануари е по апсењето на Навални од руската полиција, по што Амнести како и други организации повикаа на негово ослободување. Укинувањето од пред некој ден е затоа што е затоа што Навални повикал на насилство и дискриминација, па Амнести повеќе не го смета за „затвореник на совеста“ https://en.wikipedia.org/wiki/Prisoner_of_conscience
„Нашиот правен и политички оддел ги истражува изјавите на Навални од средината на 2000-те и утврдија дека тие се квалификуваат како говор на омраза,“ објаснуваат од Амнести интернешнл.
Се работи за изјави на Навални како таа од 2007 кога ги споредува луѓето од доминатно муслиманскиот северен Кавказ со „бубашваби“ и глуми како застрелува една од нив. Следната година тој го поддржува рускиот упад во Грузија и користи навреди кога зборува за Грузијци и нелегални мигранти кои треба да се депортираат.
„Сепак, за слободниот говор и слободата на мислење да имаат некакво значење, тие прво треба да го вклучат правото на имање и изразување дури и на непријатни ставови. Тоа што дури и организации кои треба да ја бранат слободата на говор веруваат дека треба да има граници на т.нр. говор на омраза е сериозно проблематично,“ се наведува во текстот на Спајкд.
И покрај одлуката да му го смени статусот на Навални, Амнести и понатаму се залага за негово ослободување „меѓутоа оваа бизарна одлука ја намалува веројатноста тоа да се случи.
Претходно Аменсти по слично некст-левел толкување на правичноста во 2020 реши да поддржи отворено писмо во кое се бара на „родово-критикувачките феминистки да им се укине легитимното претставување од страна на политичарите.“