Твитер за вакцините: Пет корни - пенал

За првиот твит околу вакцините за кој началството ќе процени дека е лажен или заведувачки се добива опомена. За петтиот - трајно суспендирање на акаунтот. Оние помеѓу повлекуваат часови или денови заклучување на твитер профилот.

Твитер го проширува својот систем за предупредувања и на тема вакцини, односно „дезинформации и теории на заговор“ околу тоа. Тргнаа понеделнички со пеналната политика која ја вежбаа со американските избори.

Првиот жолт картон е предупредување, потоа следуваат суспендирања на твитер акаунтот и негова недостапност за авторот во траење од неколку часа до неколку дена за петтиот твит за кој ќе биде оценето дека ги прекршува правилата да повлече трајно суспендирање на сметката.

Од декемвери до сега Твитер има интервенирано во 11,5 милиони акаунти и има отстрането 8.400 твитови кои биле жигосани како дезинформации околу вирусот и вакцините.

Твитер ова го прави и со автоматизирана и со човечка интервенција во содржината на твитовите и засега под лупа се само оние на англиски јазик. Доказ, ова уште стои:

Деновиве пишувавме дека Твитер ја стартувашe својата пробна програма за провeрка на факти наречена Birdwatch. Студија покажа дека постојат длабоки проблеми со оваа идеја за краудсорсинг утврдување на вистините. Биле анализирани околу 2.700 забелешки на „уредниците“ и било утврдено дека помалку од половина приложиле некој доверлив извор или цитат за да ги покрепат своите факт-чекерски оценки. Институтот за медиумски студии Поинтер утврдил и значајна политичка и партиска обоеност во оценувањето.

 

2 март 2021 - 11:01