Твитер проверка на факти, дупка до дупка

Твитер пробува концепт за проверка на факти во кој надежта околу борбата со лажни вести се полага во мудроста и вистинољубовоста на пошироката твитер заедница. Така било тоа.

Неполн месец откако Твитер ја стартувашe својата пробна програма за провeрка на факти наречена Birdwatch, студија покажа дека постојат длабоки проблеми со оваа идеја за краудсорсинг утврдување на вистините. Биле анализирани околу 2.700 забелешки на „уредниците“ и било утврдено дека помалку од половина приложиле некој доверлив извор или цитат за да ги покрепат своите факт-чекерски оценки. Институтот за медиумски студии Поинтер утврдил и значајна политичка и партиска обоеност во оценувањето.

Брдвоч има „редакција“ од околу 1.000 учесници кои можат да етикетираат твитови како заведувачки и во белешка да цитираат извор за вистинитото тврдење. Тоа се покажува под спорниот твит а твитерџиите можат да оценат колку предупредувањето било корисно.    

Само 7% биле оценети како корисни. Над една третина имале извор кој е просто друг твит или пак воопшто немале наведено ништо. Цитираните твитови може исто така да се неточни што само го комплицира проблемот.

Анализата на студијата покажала и партиска обоеност на уредниците кои по правило етикетирале едни но не и други политички обоени твитови. Дополнително, само пет од илјада најагилни факт-чекери стојат зад една десетина од придонесите и само еден од нив приложувал сериозни цитати или изори за покрепа на својата оценка.

Твитер, остав.

23 февруари 2021 - 12:24