„Конгресот треба актуелната администрација да ја натера на истите стандарди кои ги баравме од претходната администрација а тоа е да се бара законска основа за воени операции, особено за места како Сирија за кои Конгресот нема експлицитно одобрено воено интервенирање“, изјави конгресменот Тим Кеин.
Неговиот колега Ро Кана ќе додаде:
„Не можеме да инсистираме на конгресна авторизација само кога претседателот е Републиканец. Администрацијата требаше да го побара тоа. Треба да бараме начини како да се ослободиме од проблемите на Блискиот исток, а не како да ја ексалираме состојбата.“
Малку доцна и малку џабе.
Бајден и Пентагон изведоа воздушни напади на цели во Сирија без да помислат на конгресна авторизација. Пентагон ги извади старите мостри на соопштенија за слични ситуации во кои се вели дека нападот бил извршен „како одговор на нападите“ на американскиот персонал и сојузниците во Ирак, со намера „генерално да се де-ескалира ситуацијата во Ирак и Сирија“. Велат, нивни луѓе доволно го брифираат Конгресот за тоа што се случува.
Ама па и Трамп е кабаетлија за ваквото игнорирање на највисокиот претставнички дом. Неколку конгресмени лани доставија предлог законски измени по кои Трамп ќе беше обврзан да добие конгресен благослов за евентуален напад на Иран, но тој стави вето на законот.
Сè по старо.