Дојче телеком сам себе се изненади колку пари направи во 2020

За прв пат во историјата германскиот телекомски гигант сврте повеќе од 100 милијарди евра во рок од една година.

Вкупните приходи на Дојче телеком се 101 милијарда евра, а најголемиот дел од направената разлика доаѓа од американскиот пазар и се должи на купувањето на Спринт мобајл во САД.

Сумата од 101 милијарда евра е за 25,4% проценти повисока од парите што Дојче телеком ги направи претходната година. На овој приход пораснат е и годишниот профит на компанијата, па од 2020 на Дојче телеком ќе му останат чисти 5,7 милијарди евра.

Најголема слабост во извештајот за 2020 биле приходите од роамингот кој сериозно паднал заради глобалното затворање на границите и седењето по дома. На домашен терен, Дојче телеком имал сериозен раст на броудбенд интернетот, па само во Германија има нови 388.000 броудбенд корисници за една година.

Инаку, 75% од целиот бизнис на Дојче телеком во 2020 се одвивал надвор од Германија.

26 февруари 2021 - 16:21