Ако се врати, Трамп ќе ја освои републиканската кандидатура во 2024

Само од Трамп зависи дали пак ќе се кандидира во 2024, бидејќи ако реши Републиканската партија нема да има ниту против, ниту како да го запре, порачува Мит Ромни.

Сенаторот од Јута кој и во двата импичмента гласаше Трамп дека е виновен, изјави дека очекува дека поранешниот претседател ќе игра значителна улога во Републиканската партија и покрај тоа што изгуби на избори.

„Тој го има неспоредливо најмоќниот глас и најголемото влијание во мојата партија. Не знам дали планира да се кандидира во 2024, ама ако реши прилично сум сигурен дека ќе ја добие номинацијата,“ изјавил Ромни.

Моменталната поделба меѓу републиканците е на традиционалисти како Ромни и Трамп лојалисти. На една неодамнешна анкета, 46% од анкетираните републиканци изјавиле дека би ја напуштиле партијата и би се приклучиле кон партија основана од Трамп ако тој некогаш реши да го направи тоа.

Запрашан дали би терал кампања против Трамп доколку реши да се кандидира за изборите 2024, Ромни одговорил „не би гласал за него.“

24 февруари 2021 - 09:51