АстраЗенека никој не ја чека

Бомбастичните предупредувања на луѓе како Макрон ѝ некои прелиминарни извештаи ѝ направија огромна штета на довербата во британската вакцина АстраЗенека. Германија трупа залихи, луѓе ја нејќат. Ете ни шанса бидејќи кај би завршило нешто што го нејќат, ако не кај нас?

Над еден милион луѓе само во Германија се оставени под ризик да закачат ковид затоа што заради „психолошки проблеми“ се трупаат резерви од вакцината АстраЗенека. Претседателот на нивниот комитет за вакцинација признава дека имаат проблем да ги убедат луѓето да ја примат оксфордската вакцина.

„Имаме околу 1,4 милини дози од АстраЗенека а досега сме дале само околу 240.000,“ изјави професор Томас Мертенс за БиБиСи.

Тој признава дека дел од скепската се должи и на изјавите на неговиот комитет дека не располагаат со доволно податоци за ефектите на таа вакцина на луѓе постари од 65 години но тврди дека никогаш не ја доведувале во прашање нејзината безбедност. ПО него, најголема штета бнаправијаа изјавите на луѓе како францускиот претседател Макрон. 

Германија е доста послаба од Велика Британија во покривањето на населението со вакцини, за што пишувавме во „За Англичаните, вакцинацијата е првиот голем аир од Брегзит“, послаба е и од Грција и Шпанија но е подобра од Франција, Италија, Бугарија...

********

Види и:

Шведска нема да ја препорача АстраЗенека вакцината за 65+ демографијата

26 февруари 2021 - 16:47