„ЕМА (European Medicines Agency) смета дека АстраЗенека вакцината е безбедна за користење и дава добра имунитетна реакција.
Меѓутоа се уште нема доволно податоци за тоа колку е ефикасна вакцината за заштита од сериозни ковид-19 симптоми кај лица од постарите возрасни групи,“ се наведува на сајтот на агенцијата.
Тие ветуваат дека ќе ја ревидираат својата одлука кога нешто повеќе ќе се дознае за влијанието на вакцината кај лицата над 65, што би требало да се случи „подоцна во пролетта“.
По основа на ова Швеѓаните ја препорачуваат вакцината само за помладите од 65 години.
На сличен потег се одлучија и француските здравствени власти.