Градоначалничката на Париз ги прогласи како „нехумани“ плановите се присилно затворање на градот за време на викендите.
Аргументот на градоначалничката Ан Идалго е дека најголемиот дел од популацијата на Париз живее во станови (исто), без надворешен простор (исто), има потреба од хоризонт (исто) и мора да може да излезе во надвор во паркови, градини и покрај река (исто).
„Овие места се витални за нас за да дишеме во нашиот град,“ изјавила градоначалничката, порачувајќи дека на парижаните би им е подобро надвор отколку да се на купче во станови или канцеларии.
Наместо тоа таа инсистира дека приоритет е превенцијата од вирусот, и забрзување на вакцинирањето на нацијата. Таа посебно е загрижена за учениците и студентите „чие здравје, вклучително нивното ментално здравје, континуирано се влошува,“ и затоа Идалго предлага отворање на јавни објекти како музеи, театри и општински центри во кои би можеле да излезат од дома.
Минатиот викенд под клуч беа Ница и уште 63 градови и села околу Алпите.
До сега, околу 3 милиони жители на Франција (4,43% од популацијата) имаат добиено по една доза од вакцината, а нешто помалку од 1,6 милиони (2,36%) се со две дози од вакцината.