Вести

Европа станува бастион на цензурата

Европскиот суд на правдата донесе одлука со која дозволи кривично гонење на поединци кои ќе објават или споделат содржини на Раша Тудеј и други руски медиуми кои имаат врска со државата. Небитно дали пренесените информации биле точни или не, небитно ако некој тоа го направил без економска корист, небитно ни дали содржината што ја споделил воопшто има врска со пропаганда или украинската војна. „Маша и Медо“ да се сподели од РТ, може да се заглави на повеќегодишна робија. 

Фрли рипче, фати крапче

Донаторите за салата на Трамп од 400 милиони долари, добиле бизниси од 50 милијарди

Булдожерите веќе завршија со пробивањето на Источното крило на Белата куќа за да направат место за контроверзната балска сала на претседателот Доналд Трамп. Некои од најголемите корпорации во земјата тивко помагаат да се плати сметката а нов извештај сугерира дека тие за возврат добиваат огромни бизниси.

250 години САД;

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Нова национална анкета во САД открива воочлив парадокс во јавното расположение за 250-годишнината од Америка: јаз помеѓу силната патриотска гордост на Американците и нивниот недостаток на основно граѓанско знаење од општа култура за својата земја. Пола од нив и не знаат што се оние 250 години што Америка деновиве ги слави.

Речник

Иран и Оман доставиле план за наплата на патарини

Иран и Оман веќе им доставиле на Соединетите Американски Држави предлог за администрирање на Ормускиот теснец, вклучително и заедничко собирање такси од бродовите што минуваат низ водниот пат. Теснецот се покажа како главен ирански адут против оние кои го нападнаа и го претворија Иран во сила која ефикасно може да му предизвика економска болка на целиот свет.

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Бомбашкиот напад врз олигархот Вадим Јермолаев во Монако не е само сведоштво дека Европа станала поле за брутална пресметка на украинските криминални кланови. Тој ги потсети Европејците дека со години се жртви на организирани измами преку кол-центри управувани од земјата која добива силна политичка поддршка од Брисел да стане членка на Европската Унија.

Европа се помирила со неизбежните патарини во Ормускиот проток

Иако американските преговарачи сè уште инсистираат дека можат да обезбедат целосно слободен сообраќај на бродови низ Ормускиот проток, некои европски влади веќе се помириле дека нема враќање на ситуацијата од пред војната и дека ќе мораат да им плаќаат патарина на Иран и Оман. Тоа ќе биде претставено како „такса поради загадување“ и „услуги за навигација“.

Време е Украина да почне со анти-корупциска контраофанзива

На Украина и треба помош од странските сојузници и во уште една контраофанзива против непријател што далеку подолго ја кочи земјата и украинскиот народ: „олигарси и корупција на највисоко ниво“.

Џефри Сакс: Војната во Украина беше испровоцирана и тоа e битно за да се дојде до мир

„Кога ќе признаеме дека во центарот војната во Украина е проширувањето на НАТО, ќе ни стане јасно дека американското оружје нема да ја заврши таа војна. Тоа може да се постигне само со дипломатски напори“, вели професорот од Колумбија и советник на тројца генерални секретари на ОН, меѓу кои и на актуелниот, Антонио Гутереш.

На Гутереш не му се по мерак ни Советот за безбедност, ни Бретон вудс

За време на Г7 самитот во Хирошима, првиот човек на Обединетите нации, порача дека и Советот за безбедност и договорот од Бретон вудс го одразуваат односот на силите во 1945 и треба да бидат апдејтувани на денешно време.

Во Ел Салвадор убиен 1 полицаец

Во државата во која се води една од најбезмилосните и најуспешни борби против бандите и наркокартелите, денови во еден провинциски град беше убиен полицаец. Како одговор на ова, претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, испрати 5.500 војници и полицајци да го опколат градот.

Запомнете, генијалец не си крати од сонот

Има една глупа капиталистичка логика дека ако човек сака да ги оствари своите амбициозни планови и да стигне да заврши сè што треба во текот на денот, треба да си скрати малку и од спиењето. Вистинските генијалци би се изнасмеале на ова, ако веќе не биле отидени на спиење.

Готово е, прочитани сме

Тренирале модел со податоци од мозочните активности при гледање видеа. Успеале да реконструираат видео со маче, директно од мозочните сигнали на субјект кој гледал видео со маче. Да напоменеме, ова е само почеток на техниката за читање мисли со помош на вештачката интелигенција.

Имало и подобри решенија од карантини

Вообичаена самоизолација (да не одиш на работи или на школо кога си болен) и редовно тестирање за ковид, ќе беа поуспешни тактики отколку оние кои беа наметнати: општи карантини, затворање школи и строги физички дистанци, покажуваа епидемиолошки и економски модели кои ги тестирале овие стратегии во разни варијабли.

Во Англија денес се умира повеќе отколку во пандемијата

Пандемијата разбирливо донесе таканаречен вишок смрт (повеќе починати во споредба со  неколкугодишните просеци за одреден период). Меѓутоа, пандемијата заврши а вишокот остана. И тоа поголем отколку оној вишок кој го покоси ковидoт.  Експерти предупредуваат дека земјата се соочува со „катастрофа од иста пропорција на самата пандемија“.

Буданов призна дека Украина убива низ Русија

Првиот човек на украинското разузнавање, и веројатно најагресивниот лик во украинскиот врв, се отвори дека од почетокот на војната успешно елиминирале пропагандист на Кремљ, и дека војната нема да заврши само со ослободување на Украина.

Пентагон најде 3 милијарди долари од помошта за Украина што му се изгубиле

Како што и двете партии почнаа да вршат притисок врз Пентагон да се објасни како ќе продолжи да ја помага Украина без нов пакет од Конгресот, така Пентагон открил дека имаат некои си 3 милијарди долари што по грешка ги запишал како потрошени.

Зградата од милијарда долари во која никој не сака да живее

Есапот на инвеститорите во Корниш зградата во Хонгконг беше дека ќе вложат 1 милијарда долари, а од продажба на станови ќе извадат 3,8 милијарди долари. За сега, есапот не им излегува.

Медиуми излезени од реалноста

Ново истражување на американското јавно мислење спроведено од Харвард-Харис покажува две битни работи. Прво, дека американските корпоративни медиуми радикално се оддалечени од мислењата, надежите и ставовите на обичниот народ. Второ, дека истиот тој народ сепак не пие нафта.

Непрофитни болници во пандемијата направија вагон пари

Американските непрофитни болници добиле ковид помош од преку 20 милијарди долари. Досега само две од 20-те болници кои добиле финансиска инекција ги вратиле парите. Во меѓувреме, очекуваниот животен век на Американците продолжува да паѓа а 100 милиони луѓе имаат медицински долгови.

Мелница за месо, руската тактика во Украина

Обемот на руски загуби во 2022, во комбинација со рускиот судир со НАТО системи на кои претходно им се немаат спротивставено, предизвика значително застранување на руските операции од нивната востановена доктрина, стои во анализата објавена од институтот РУСИ.

Епстин го уценувал Бил Гејтс за афера со руска картаџика

Педофилот со моќни врски кој ѓоа се самоуби во затвор под полна присмотра, му се заканувал на Бил Гејтс дека ќе го раскринка за неговата секс-афера со една руската играчка на бриџ. Вакви ишарети Епстин му пратил на Гејтс откако овој одбил да учествува во еден мулти-милијардерски хуманитарен фонд со ЈП Морган.
 

Шведска треба да се однесува како утре да ќе излегува од ЕУ

Земјата никаде не мрда од Унијата ама затоа што не знаеш што може да се случи сепак треба да почне да се подготвува за излегување од таму да не биде после начекана во небрано.

Пентагон знаел дека Фаучи лаже за потеклото на вирусот

Истражувачи од американското Министерство за одбрана уште во 2020 година имале составено убедлив демант на една студија која Ентони Фаучи ја користеше како доказ за природното потекло на ковид- 19. Нивниот извештај, за жал, станува достапен на јавноста дури во мај 2023.

ЦИА ги кани Русите да ја кодошат татковината

Ни специјална, ни хибридна војна, туку апла отворено, ЦИА објави видео на руски јазик во кое се охрабруваат Русите да стапат во контакт со американската шпионска агенција. Од неодамна, казната за предавство на татковината во Русија изнесува од 20 години до доживотен затвор. 

Русија има изгубено 50.000 научници за 5 години

Ниту една држава нема изгубено толку многу луѓе што работат во науката, колку што Русија има во последните 5 години, порачал потпретседателот на Руската академија на науки Валентин Пармон.

Земјоделците на Европа се следни на отстрел

Тоа што почна како разумна борба против загадувањето на воздухот изминативе години во Европа е доведено до талибанска чистка на секој можен извор на загадување како би се исполнила фанатичната агенда за 0% штетни издувни гасови. Најновиот непријател во оваа битка е храната и луѓето одговорни за нејзино производство - земјоделци и сточари.

Индија ќе работи на колонијално освестување на Британија преку враќање на украденото богатство

Индиската влада работи на кампања за враќање на кралските бесценети камења, вклучително и оние од круната, и музејски артефакти од Британија во споредба со која грчкото барање за Мермерите од Акропол изгледа како кусур во маркет.

Русија уапсила тројца свои научници што работеле на Кинжал

Како што Украина објави дека соборила 6 Кинжал ракети, на што Шојгу одговори дека тогаш собориле повеќе отколку што Русите лансирале, така во Русија се рашири веста дека под обвинение за велепредавство се уапсени тројца научници од лабораторијата во која беше создаден Кинжал.

Како НАТО ја заведе европската Левица

Во јануари 2018 година се случи прес конференција со необичен кастинг: Јанс Столтенберг и Анџелина Џоли. Подоцна овој чуден Селимовска-Желчевски тандем заеднички потпишаа текст во Гардијан, насловен како „Зошто НАТО мора да ги брани женските права.“ ВТФ? Има логика.

Америка на ангро вооружува автократски режими по светов

Наспроти благоглаголивата реторика на актуелната постава на Белата куќа за тоа како Америка е лидер на демократијата и прави сè за да поддржува демократии уздуж и попреку, реалноста е поинаква. Лани САД продале оружје во преку половина од државите кои релевантните светски листи ги означуваат како автократски режими.