Два од најмоќните австралиски универзитети и технолошкиот гигант Мета воделе кампањи за замолчување на медиумското покривање на престојниот референдум за уставни измени со кои на Абориџините би им се дала поголема системска улога во државата.
Истражување на австралскиот Скај њуз обелодени дека глобалниот систем за проверка на факти што го користи Мета е неусогласен со нивните сопствени правила за непристрасност и транспарентност.
Во еден случај, на Кралскиот институт за технологија во Мелбурн му било дозволено да деплатформира делови од австралиското новинарство, и покрај тоа што платформата знаела дека тоа е прекршување на правилата кои Закерберг ги воспостави за да се дистанцира од одговорностите околу проверките на факти.
Закерберг упорно повторува дека Мета не сака да биде арбитер на вистината и дека содржините ги проверува независна меѓународна мрежа за проверка на факти. Меѓутоа, Скај њуз докажа дека технолошкиот гигант потпишал таен комерцијален договор директно со наведениот Кралски институт со кој одделот за проверка на факти се плаќа 740.000 долари годишно.
Кога се потпишувал договорот, тие имале лиценца (од Меѓународната мрежа на факт-чекери), но лиценцата им истекла во декември а тие продолжиле да ја цензурираат политичката дебата околу референдумот.
Тие се само една оде 55-те инстанци кои со истечени лиценци продолжуваат да решаваат што и како ќе се појави на социјалните мрежи.
Факт-чекерите на Кралскиот институт толку се имале умислено дека се богови на вистината што и од приватни профили воделе црни кампањи против луѓе од опозицијата, етикетирајќи ги како расисти и слично.