Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Со смкнати гаќи и фејкњуз во глава

27 август 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Иако знаеле да се бават со „раскринкување“ на баналности (Вистиномер си ја извадија платата) и Фејсбук постови (Пазете со што се бават „Вистиномер), македонските „факт-чекери“ го игнорираат големиот медиумски скандал во кој про-владина медиумска групација стои зад платено ширење лажни вести на Фејсбук.
  • Се работи за видео со Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ во кое негова изјава е монтирана така да се добие сосема спротивна смисла од она што било кажано.

  • Проверувајќи ја позадината на видеото кое платено се дистрибуираше по Фејсбук, Богдан Илиевски обелодени дека зад оној кој платил за ширење пропагандата стои профил со телефонски број на Фронтлајн на Џабир Дерала.
  • Дерала очајнички проба да демантира со две поенти, дека а) некој го злоупотребил нивниот телефон (Глупости као “Некој го злоупотребил бројот” не проаѓаат. За да можеш да спонзорираш политички објави, мора да си верифициран со телефонски број“, им напиша новинарот Кристијан Ландов) и б) дека видеото е сатирично (во видеото нема ни С од сатира, единствениот „хихирику“ момент е самиот демант).
  • Новинари коментираат дека овој бизнис модел е сличен на оној на рекетарите, кога на газдата му правиш бељи во кафаната а потоа му нудиш заштита. Така и овде, ќе го полнат интернет просторот со лажни вести а потоа ќе се понудат (на некој грант) да се борат против лажните вести.
извор

Италија врие: Протести во 50 градови

30 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Повеќе од 10.000 луѓе излегоа на улиците на Фиренца, Милано, Неапол, Торино и уште 50 италијански градови, протестирајќи поради високите трошоци за живот, финансирање на одбраната со пари што биле наменети за образование и здравство и против војните во Украина и Газа.
  • Собирите добија на масовност откако на генералниот штрајк на работниците им се придружија студенти и средношколци.
  • Организаторите ветија дека демонстрациите ќе поминат без насилство, но властите ангажираа полициски зајакнувања за да ги следат протестните маршеви. Поставени се кордони на клучните локации како Колосеумот во Рим и Миланската катедрала.
  • На чело на маршот во Торино, студентите истакнале транспаренти со пароли: „Секој кампус ќе биде барикада“. „Нема да плаќаме за војна“ и „Против војната и високите трошоци за живот – да ја запреме Италија“.
извор

Брнабиќ: Победивте, формирајте власт, не дозволувајте насилници да ја водат земјата

30 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Вршителката на должноста претседателка на Србија, Ана Брнабиќ, го повика новоизбраното парламентарно мнозинство што е можно поскоро да воспостави владини институции и да ја преземе одговорноста за управување со земјата.
  • Во своето прво јавно обраќање по вонредните парламентарни избори, таа повика на мир, почитување на Уставот и законот и рече дека насилството не треба да ги одредува политичките настани.
  • Брнабиќ ги повика победниците на изборите да не го одложуваат формирањето на владата и да не дозволуваат „тепачи и насилници“ да водат политика.
  • Како примери за насилство и притисок ги наведе нападите врз телевизиите Информер и Пинк, апсењето и притворањето на директорот на Јовината гимназија, Радивоје П. Стојковиќ, нападот врз јавното претпријатие Србијавода...
  • Брнабиќ најави дека претседателските избори во Србија ќе се одржат најдоцна до 27 декември.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
2

Жан-Лук Пикард стигна до својот „final frontier“

3

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Разно
4

Има ли вистина после УСАИД?

Медиуми
5

Двојазичност на албански начин

Македонштина
6

Жељко Митровиќ ќе отпушта илјада луѓе

7

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Македонштина
8

Има ли Германија интерес да ја заврши војната во Украина?

Мислења
1

Жан-Лук Пикард стигна до својот „final frontier“

2

Жељко Митровиќ ќе отпушта илјада луѓе

3

Има ли Германија интерес да ја заврши војната во Украина?

Мислења
4

Украдени криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари

5

Микробиолошкиот „Џони Деп“ ја доби микробиолошката „Амбер Херд“

Работа
6

Европа ја чека студена и скапа зима

Свет
7

Македонија повторно на ѕидот на срамот во ОН

8

Претреси во приватна болница и ФЗО, меѓу осомничените и Ден Дончев

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како ќе го браниме името на нашата Црква вака анонимни?

Куме бре?!

Вака ли бе МТВ?

Реплика на денот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy