Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Хакирана ИТ-платформата на Воздухопловните сили на САД

28 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Непознати хакери ја пробиле главната платформа Cloud One на американските Воздухопловни сили и загрозиле огромен број чувствителни тактички, логистички и персонални податоци.
  • Нападот откриен во октомври при надградба на системот. Не е познато дали се украдени податоци.
  • Инсталиран во 2017 година, Cloud One служи како едношалтерски центар за ИТ потребите на воздухопловните сили. Во него се комбинирани ресурси на четири оператори - Microsoft, Amazon, Oracle и Alphabet - за поддршка на апликации што управуваат со податоци за персоналот, логистиката и одржувањето.
  • Меѓу нив се и системот што прима податоци од радари за противвоздушна одбрана на територијата на цела Северна Америка и системот кој ја следи состојбата на муницијата низ повеќе од 200 локации на воздухопловните сили на САД низ целиот свет.
  • Во изминатиот месец беа откриени најмалку шест кибернетски напади и хакерски упади во ФБИ, Пентагон, НСА и министерствата за внатрешна безбедност и за финансии.
извор

Христијаните сè почесто се цел на напади во Европа

27 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Во 2025 година имало 2.465 напади од омраза кон христијани во Европа, покажува новиот извештај на Опсерваторијата за нетолеранција и дискриминација OIDAC. Тоа е зголемување од 11,5% во споредба со претходната година.
  • Имало 395 напади или закани на верска основа насочени кон поединци, за разлика од 274 во претходната година.
  • Во Франција се регистрирани 843 напади, во Англија и Велс 624, во Германија 337 и во Австрија 134. 
  • Во Лион во септември 2025 година пред својот дом бил избоден до смрт Ашур Сарнаја, 45-годишен асирски христијанин со попреченост, кој веќе избегал од исламистички прогон во Ирак. Властите потврдија дека нападот бил поттикнат од радикална џихадистичка идеологија.
  • Во светот христијаните се најзагрозени во Нигерија. Локалната невладина организација Intersociety документирала дека само во првите осум месеци џихадисти убиле 3.038 христијани и киднапирале 3.193.
извор

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

27 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • На едно место ги собираат и средуваат линковите од стари македонски емисии, серии и телевизиски прилози кои се расфрлани по Јутјуб и социјалните мрежи. 
  • Архивата во моментов има околу 3.000 записи. Меѓу нив се прилог за Скопје со Кензо Танге од 1973 година, ТВ-филмот „Томе од бензинската пумпа“, има цели емисии и филмови, но и кратки прилози и извадоци што сами по себе бележат некој момент од животот на градот или од домашната телевизиска продукција.
  • Снимките се подредени по деценија и година. Секоја година има своја VHS касета, а со клик на неа се отвора списокот со снимки. За оние што сакаат да разгледуваат по жанр, има одделни полици за филмови, серии, документарци и музика на ТВ.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Остри реакции од бугарските и француските власти за крвавите сцени во Марсеј

Навивачи
2

„Македонци претерали“

3

Тренерот на Црвена Ѕвезда збесна на прашање за Гаштаров

Фудбал
4

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

5

Чесен Титов пионерски збор

Медиуми
6

Бугарија ја уценува Албанија да ги конвертира Македонците во Бугари

7

Галеријата НАД Собранието

Мислења
8

Што е убаво кога ќе дојдат стручните

Балканштина
1

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

2

Бугарија ја уценува Албанија да ги конвертира Македонците во Бугари

3

Галеријата НАД Собранието

Мислења
4

Нордијците спречуваат конфликт со Русија на Балтикот

Свет
5

Христијаните сè почесто се цел на напади во Европа

6

Британија повика 100.000 резервисти да се подготват за војна

Свет
7

Пазарот на ВИ е балон со 97% сигурност

Бизнис
8

Европскиот буџет сардисан од три страни

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Чесен Титов пионерски збор

Балканштина

Резултати од последниот систематски преглед

Македонштина

Старо Скопје

Македонштина

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Медиуми

Информер пука по шавови

Разно

Аплауз за Димитрија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како го отпишаа авторот на „Отпишани"

Ројалче си ти, такав сам и ја

Начисто ги утепавме децава

Министер, амбасадор, планктон

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy