- Фатиле и рецензирале некој Фејсбук пост дека Заев и Филипче отишле во Дубаи преку Истамбул.
- Не било така. Филипче им рекол дека бил во Анталија а не во Дубаи а Вистиномер утврдиле дека не биле приватно туку „за професионални потреби“.
- „Професионалната потреба“ на хирургот Филипче и бизнисменот Заев е дипломатски форум.
- Србија прогласи највисоко „црвено“ ниво на готовност поради терористичка закана откако малолетник од Шабац синоќа со нож нападнал припадник на Жандармеријата пред Амбасадата на Израел во Белград. Полицискиот службеник дејствувал во самоодбрана и го убил напаѓачот.
- Според српското МВР, малолетникот извикал „Алаху Акбар“, со два ножа го нападнал полицискиот службеник и го ранил во лицето.
- Министерот за внатрешни Ивица Дачиќ изјави дека безбедносните служби го следеле малолетникот поради сомневања за поврзаност со групата „Исламска држава“.
- Прогласувањето на „црвено“ ниво на терористичка закана подразбира зголемено присуство на вооружени полициски патроли на улиците, и засилено обезбедување на трговски центри, железнички и автобуски станици, аеродроми и дипломатски претставништва. На клучните локации низ земјата се спроведуваат построги контроли и претреси.