На средба која ќе се одржи на 13 септември во Вашингтон ќе слетаат Илон Маск, Марк Закерберг, Сундар Пичаи, Сем Алтман, Џенсен Хуанг, Сатја Надела, Бил Гејтс и Ерик Шмит. На форумот ќе учествуваат и граѓански групи и синдикати.
Намерата е тешкашите од Силициумската долина „да ги образуваат американските законодавци околу рапидно еволвирачката технологија и да ги постават основите за нејзино регулирање.“
Последен пат кога беше во Конгресот, Сем Алтман, ги повика законодавците да ја регулираат вештачката интелигенција. Од тогаш, аналитичарите се повеќе се скептични дека „брзодвижечкиот приватен сектор е подготвен да се справува со бирократски пречки.“
Ако сите се појават ова ќе биде една од најголемите средби на „боговите“ на Силициумската долина. Маск и Закерберг ги имаат двете најголеми социјални мрежи во светот, Пичаи е прв човек на Гугл, Алтман е човекот зад ЧатГПТ, Хуанг е претседателот на Нвидиа, чии чипови (А100) се погонот зад револуцијата на ВИ, Надела со години е одговорен за Микрософт на Гејтс, а Шмит е таму како поранешен прв човек на Гугл и еден од клучните луѓе во Силициумската долина.