Маск ќе умре од труење пред да стигне на Марс

Сопственикот на Тесла, Икс, СпејсИкс, Старлинк... има кажано дека сака да биде првиот човек кој ќе умре на Марс. Научничка од НАСА со долгогодишно искуство, му порача на Илон Маск дека ако тргне во таква самоубиствена мисија, ќе умре и пред да стигне на Црвената планета.

Доктор Мишел Талер порача дека во моментов човекот не поседува технологија за безбедно патување до Марс.

Таа со години работи во Годар центарот на НАСА за вселенски летови и објанува дека најголем и засега нерешлив проблем е радијацијата, односно радијациското труење.

Тоа доведува до дегенеративни болести и ракови, а во случај на зголемена сончева активност, веднаш би ги убила луѓето кои би се нашле во тој простор.

Признава дека и астронаутите на Аполо имале среќа бидејќи меѓу две нивни мисии, имало нивоа на радијација која би била фатална за нив. 

Талер исто така посакува еден ден човекот да почне да го населува Марс но претпоставува дека животот таму ќе биде ужасен.

2050-та година често се спомнува како термин кога би тргнало летало со човечки екипаж кон Марс, но доктор Талер смета дека е тоа преамбициозен термин.

 

26 август 2023 - 11:29