Секој што сака да го промени својот службен пол во Германија, сега треба да приложи два психијатриски извештаи до судот. Тој процес трае од пет до 20 месеци и чини околу 1.800 евра.
Со новиот Закон за родово самоопределување кој е влезен во процедура, Владата има намера значително да го поедностави и забрза тој процес. Секој што сака да припаѓа на пол различен од неговиот биолошки пол, само треба да ја извести локалната матична служба и да почека три месеци. Остатокот е автоматски.
Достапниот избор е 1. машко; 2. женски; 3. разно/различно.
Практично нема старосна граница. Децата под 14 години можат да побараат официјална промена на биолошкиот статус со родителска согласност. Младите на возраст од 14 до 18 години можат да регистрираат нов пол и без согласност на нивните родители, па дури и со противење на нивните родители. Во случај на посериозни конфликти одлучува судијата по семејно право.
Единствена обврска за оние кои го менуваат полот на овој начин е да живеат со таа одлука 12 месеци, а потоа можат да се вратат на фабричко подесување или да одберат друга опција.
Сето ова може да се прави толку често колку што сака личноста.
Не се потребни операции, хормонски третмани и визуелно приближување до избраниот пол. Доволно е државата да се информира за новата состојба на работите.
Мнозинството кај конзервативните ЦДУ се противат на одвојувањето на биолошкиот и правно прифатениот пол, сезонскиот ротирачки статус и дозволување малолетници да решаваат за тоа без дозвола од родителите.