Во бројката е вклучен и учинокот на машините за правење снег, без кои бројот на критични ресорти се крева од една четвртина на една половина.
Во текстот за скијачките центри Гардијан потсетува дека истражувањето е направено на покачување на просечната температура за 2 степена, а со моменталните мерки сме на пат просечната температура да се крене за 2,7 степени.
Истражувањето објавено во журналот Климатски промени на природата, утврдува и дека удел во затоплувањето има и самиот ски-туризам, во најголем дел со загадувањето од летовите до ски-центрите и сместувањето на гостите. На топовите за снег отпаѓаат само 2% од вкупното загадување од ски-туризмот.
Очекувањето е дека топовите ќе помогнат на некои ресорти на Алпите, нордиските држави и Турција, ама нема да завршат работа во Британија и во јужна Европа, каде пречесто ќе станува премногу топло за воопшто да се оформи снег, или пак тој што ќе се направи веднаш ќе се стопи.
Европската ски индустрија вреди околу 30 милијарди долари и таа опфаќа околу 80% од сите светски ски-ресорти, кои опслужуваат околу 1 милион дневни посети годишно.