„Тие не можат да продолжат да го игнорираат најголемото злосторство, кое ја одразува човековата нечовечност кон друг. Тие не можат да продолжат да игнорираат. Обесштетување веќе е платено за други грешки и тоа многу побрзо, многу побрзо отколку обештетувањето за она што јас сметат дека е најголемото злосторство и криминал во човековата историја: трансатлантското ропство.
Мислам дека Британија нема да може да го се спротивстави на ова движење кон обештетување: тоа го бара историјата и го бара законот,“ изјавил судијата Робинсон кој своевремено претседаваше со судењето на Слободан Милошевиќ.
Робинсон ја имаше клучната улога во пишување и составување на Извештајот за обештетување за трансатлантското ропство изработен од Братл групата. Извештајот претставува „најсеопфатна држава по држава анализа за обесштетување, која го идентификува обештетувањето што треба да се исплати од 31 држава во која се практикувало трансатлантското ропство“.
Според овој извештај само Британија треба да исплати 24.000 милијарди долари обесштетување на 14 држави. Од овие пари 9.600 милијарди долари Британија и ги должи само на Јамајка.
Робинсон ја објаснува висината на сумата со тоа што пресметките опфаќаат период од стотици години, плус до сега репарации никогаш не се платени. За да не дојде нагло, неговиот предлог е обесштетувањето да се исплаќа на подолг период, меѓу 10 и 25 години, а не веднаш.