Според нив, Кремљ до сега го има „одобрено“ 79-годишниот претседател на руската комунистичка партија, Генадиј Зјуганов, и лидерот на Либерал-демократската партија, Леонид Слутски.
Од Медуза тврдат дека на анкетите главната забелешка на Русите за Путин била неговата возраст, а наводно дел од вработените во претседателската администрација веќе го нарекувале 70-годишниот Путин „дедо“.
Опасноста што тука ја гледа Кремљ е дека „млад и активен кандидат може да ги натера гласачите да почнат да размислуваат за возраста на претседателот“.
Со уставните измени од 2020 Путин има право да биде претседател на Русија до 2036, што би значело уште две претседателски трки, една 2024 и една во 2030.