Вести

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Бомбашкиот напад врз олигархот Вадим Јермолаев во Монако не е само сведоштво дека Европа станала поле за брутална пресметка на украинските криминални кланови. Тој ги потсети Европејците дека со години се жртви на организирани измами преку кол-центри управувани од земјата која добива силна политичка поддршка од Брисел да стане членка на Европската Унија.

Европа се помирила со неизбежните патарини во Ормускиот проток

Иако американските преговарачи сè уште инсистираат дека можат да обезбедат целосно слободен сообраќај на бродови низ Ормускиот проток, некои европски влади веќе се помириле дека нема враќање на ситуацијата од пред војната и дека ќе мораат да им плаќаат патарина на Иран и Оман. Тоа ќе биде претставено како „такса поради загадување“ и „услуги за навигација“.

250 години САД:

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Којa е Америка? Кој ја создаде? Кому Американците му го должат славењето на 250-тиот роденден и дали европските белци со напудрени перики сами го измислија американскиот концепт и беа единствените заслужни за победата над британските сили? За најголемите губитници во колонизирањето на континентот, домородните племиња, и денес не се кажува сè.

Речник

Имигрантите зад бумот на ВИ во САД

Во новата глобална војна за технолошка доминација, Белата куќа ја штити домашната вештачка интелигенција како национално богатство на САД. Всушност, економијата на ВИ има глобални корени. Многу од гигантите во Силициумската долина, вредни стотици милиони долари, се основани од странци кои воделе бизнис пред да дојдат во Америка. 

Лабораторија во САД прикрива инциденти со опасни вируси

Виролозите и раководителите на лабораторија во Монтана во која се истражуваат смртоносни вируси се однесуваат како каубои - не ги почитуваат строгите протоколи и прикриваат инциденти што се закана за јавното здравје наместо да кренат тревога. Виролог носел вируси во авион. Заразен мајмун каснал вработен. Прашање на време кога ќе се случи катастрофа.

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Топлотниот бран со рекордно високи температури ги обнови дебатите во Европа дали треба да се воведат клима-уреди во земјите во кои се забранети за да не се предизвика глобално затоплување. Колумбискиот град Меделин најде многу поедноставно, економично, одржливо, чисто и зелено решение – разбивање на урбаниот бетон со милиони дрвја и грмушки.

Добра во лоша вест: снемува барут

Американската Виста аутдор, компанија која под себе има повеќе брендови за оружје и муниција, објави дека планира значително да ги крене цените за муниција заради „очекуваниот глобален недостаток на барут“.

Борис Џонсон размислувал за оружен упад во фабрика за вакцини во Холандија

Ковид истрагата што се води против поранешниот британски премиер открива дека Џонсон бил отворен кон „воени опции“ за да дојде до „запленетите“ дози од вакцината против ковид-19 што се чувале во фабрика во холандски Лајден.

НАТО учебниците треба да одат во архива

Признавајќи дека украинската контраофанзива пропаднала, секретарот за национална безбедност и одбрана на Украина кој го координира воениот кабинет на таа земја, порача дека учебниците и прирачниците на НАТО се покажале како застарени и треба да заминат во архива. Парите кои Киев ги очекува од Запад не се застарени.

Планирањето на офанзивата обележано од грешки и контрирање меѓу САД и Украина

На 15 јуни во конференциска сала во зградата на НАТО во Брисел американскиот министер за одбрана, Остин Лојд, пред сите присутни бара објаснување од украинскиот министер за одбрана околу одлуките што се носат во првите денови од контраофанзивата, и посебно зошто не се користи западната опрема за чистење мини за да се овозможи поголем напад на оклопните единици или да се користи чад за криење на нивниот напредок.

Пеколните точаци на Амстердам

Амстердам брои повеќе точаци отколку луѓе и иако во споредба со овдешните сообраќајни тромбози, тоа ни изгледа како научно-фантастична идила, две третини од луѓето не се чувствуваат безбедни кога се движат по град. Најголеми бељи прават електричните велосипеди и тротинети кои се понашаат ко кај нас сељаците со бесни коли.

Кина ќе даде смртна казна за мито од 420 милиони долари?

Поранешен прв човек на економска зона во северна Кина и директор на „водното“ е обвинет и прогласен виновен за проневера и земање мито во вкупна вредност од 420 милиони долари (3 милијарди јуани), што е една од најголемите суми во историјата на земјата.

Зеленски најави нови разговори за „мировна формула“ за јануари 2024

Неколку дена пред почетокот на Светскиот економски форум во Давос, во Швајцарија треба да се одржат и разговори за мировниот план за Украина, објави  украинскиот претседател на Твитер.

За Кисинџер прашајте ги во Камбоџа

Кога Хенри Кисинџер почина во цветот на својата старост на 100 години, западните лидери се наредија да го оплачат и да потсетат каков великан изгуби светот. За Џорџ Дуплове Буш тој беше „еден од најубедливите гласови во меѓународната политика“. Тони Блер го нарече „уметник на дипломатијата“ а Борис Џонсон „гигант на дипломатијата и миротворец“. Миротворец?

Време е да се биде параноичен

Мета бара забрана за користење вештачка интелигенција за политички кампањи, но прашање е дали и како тоа може да се спроведе. Дотогаш, два совета: не конзумирајте социјални мрежи за време на изборна кампања бидејќи таму ве чекаат алгоритмите со пораки создадени па ваш вкус. А ако веќе користите, не верувајте во ништо што ќе прочитате.

Не требаше да избрзувате со вежбање

Едно е што сè до сега е зборено на тема вежбање и физичка активност, друго е што покажува нова скандинавска 45-годишна студија. Ова второто е дека премногу физичка активност всушност го забрзува процесот на стареење на нашите тела.

Британија ќе ти бара селфи пред да си пуштиш порно

Не за ти да се погледнеш самиот на што личиш, туку за да се спречи деца да сурфаат порно на интернет, Британија размислува да воведе системи за „фацијално препознавање на возраст“ кои преку фотографија од вашето лице ќе одлучат дали да ви ја отворат порно страната или не.

Борис ќе прави камбек како премиер?

Пратеници од британските конзервативци веруваат дека единствен начин да се спречи тотален пораз на изборите е инстантно да се шутне Риши Сунак од премиерската позиција и на негово место да се врати Борис Џонсон.

Роди ме мајко градинар и фрли ме во Ермес

Наследникот на империјата на Ермес, инаку внук на основачот на луксузниот бренд, наводно планира да го посвои својот 51-годишен градинар и хаузмајстор за да може да му го остави богатството од 11 милијарди долари.

Ескорти, порно и банкомати

Хантер Бајден наводно потрошил над 870.000 долари на проституки и порно, а извадил најмалку 1,6 милиони долари од банкомати, покажуваат документите што ги поднесе американското обвинителство во тужбата за избегнување данок против синот на американскиот претседател.

САД имаат 7,5 милијарди долари за полначи за електрични возила и 0 полначи

Американскиот Конгрес на барање на владата на Бајден во 2021 се согласи да потроши 7,5 милијарди долари за низ земјата да изгради мрежа од стотици илјади полначи за електрични возила. Две години подоцна се уште се чека поставувањето на првиот полнач.

Зеленски почнал да го заобиколува Залужниј во комуникацијата со команданти

Наместо директно комуницирање со командантот на воените сили на Украина, генерал Валериј Залужниј, Зеленски одржува паралелна комуникација со првите луѓе на некои од украинските родови, како пешадија и авијација, пренесува Киев индепендент.

Далеку е милион од ЕУ ако го чекаш

Членките на Унијата нарачале да се произведат само 60.000 артилериски гранати за ЕУ планот за обезбедување 1 милион гранати за Украина до пролетта 2024, пренесува Ројтерс изјава на лица запознаени со бројките.

Израел ќе го користи морето против тунелите на Хамас

Израел завршил со монтирање на 5 големи пумпи за морска вода на брегот на Медитеранот кои треба да влечат вода од морето и со истата да ја поплавуваат мрежата тунели на Хамас ископана под Газа.

Киев почна да го критикува Зеленски

Украинскиот претседател станува автократ кој ја претвора Украина во авторитарна држава ништо поразлична од Русија, е критиката за Зеленски која доаѓа од првиот човек на Киев, градоначалникот Виталиј Кличко.

Колку си побогат, толку повеќе пари ти требаат за да бидеш среќен

Сите го слушнале она дека „со парите не можеш да ја купиш среќата,“ па сепак, секој би сакал тоа да го провери на сопствен пример. Една друга гачка вика дека парите не може да ти купат среќа, ама па со нив можеш да ја ренташ. Миленијалците се најубедени дека најсигурен пат до среќата се парите.

Кралот Чарлс бара 5.000 милијарди долари годишно за борба против климатските промени

Во говор на КОП28 самитот, британскиот крал порача дека светот и понатаму е „застрашувачки далеку“ од постигнување на климатските цели, а тоа може да се реши со по 5.000 милијарди долари од глобалните даночни обврзници и компании, годишно.

Хамас направил милиони кладејќи се дека израелските акции ќе паднат?

Во деновите пред нападот од 7 октомври на берзата во Њујорк вложени се огромни суми пари кои се кладат на тоа дека во скоро време вредноста на израелските акции ќе падне.

На Харвард ќе се изучува нов предмет - Тејлор Свифт

За само 78.000 долари годишно, студентите на Харвард ќе можат да ја изберат Тејлор Свифт како еден од предметите што го изучуваат на една од највисоко рангираните научни институции на светот.

Почина парламентарката што ги бараше СМС пораките меѓу Фон дер Лајен и Фајзер

Европратеничката на Зелените, Мишел Риваси, која притискаше за објавување на пораките меѓу првиот човек на ЕУ и првиот човек на Фајзер во кои беа договарани цените и количините за вакцини против ковид, изненадно починала од срцев удар додека патувала кон Европскиот парламент во Брисел.