Вести

Луѓе завршуваат „под скалпел“ и кога не мора

Повеќето од стотиците милиони хируршки зафати годишно спасуваат животи. Но, откако зачестија лажните операции заради споредба на ефектите, се покажа дека многу зафати кои не се прашање на живот или смрт всушност не се ништо подобри од природното заздравување. Некои дури и ја влошуваат состојбата на пациентот, а не го продолжуваат неговиот животен век.

Пет членки на ЕУ најавија план за итна депортација на азиланти

Данска, Австрија, Грција, Германија и Холандија во првата половина од идната година ќе воспостават пилот-проект за итна депортација на баратели на азил чии барања се одбиени во ЕУ. Се очекува да бидат склучени договори со Руанда, Уганда и Узбекистан за да ги примат азилантите. Бројот на депортирани лица нема да биде голем, но би имал ефект на одвраќање.

ЕУ крева антидемократски штит

Битката за слободата на говорот во Европа веќе не се однесува само на тоа што на луѓето законски им е дозволено да го кажат. Сега станува збор за нешто пошироко: кој одлучува што може да видат, кому треба да му веруваат и кои идеи се класифицирани како ризици, сето тоа сервирано како „борба против дезинформациите“.

Речник

И роботот од главата си пати

Тесла сериозно ги зголеми капацитетите за производство на роботот Оптимус но во меѓувреме сфати дека обемот не е главниот проблем. Роботот знае да беспрекорно да извршува комплицирани задачи за кои имал обука но паѓа на базични, генерални задачи. Ќе му кажеш да ти донесе пиво од фрижидер, тој ќе ти донесе Газоза.    

Кремљ ги натера компаниите самите да се бранат од украински дронови

Кремљ ги притисна руските компании самите да придонесат за сопствената одбрана од украински дронови. Оние што ќе изнајмат противвоздушни системи од војската ќе бидат ослободени од даноци. Оние што ќе одбијат може да бидат преземени од државата. На приватните стражари околу критичните објекти им се нудат високи плати и гаранции дека нема да бидат мобилизирани.

Израел знае да биде и маќеа

Израелското државјанство, како еден од столбовите на ционистичкиот проект, никогаш досега не им било одземено на Евреи. Нетанјаху сега бара да им биде одземено на авторите на шокантниот документарец „NAZA“ во кој се прикажани израелски злосторства во Газа. Режисерите стануваат „непријатели на еврејскиот народ“ и се третираат како „егзистенцијална закана“ за државата.

Има нешто во воздухот во Ватикан, и тоа не му се допаѓа на Папата

За време на затворен состанок со италијанските бискупи, Папата Францис се пожалил дека „во воздухот во Ватикан има педерштина“, нешто за што се извинуваше пред некое време.

Германија пак ќе почнува масовна чистка, овој пат на гулаби

Германски град изгласа да се елиминираат сите до еден гулаби што летаат и слетуваат во нивниот град. Откако одлуката крена галама и беше ставена на референдум, помина и на референдум.

Хуавеи стана еден од најголемите увозници на говедско месо во Кина

Истиот овој Хуавеи што произведува ѕверски телефони и 5Г опрема, и е на листата на црната листа на САД, заради гео-економски случувања низ светот се претвори во еден од најголемите увозници на говедско во Кино.

Тинејџерка проби белодробно крило со користење електронски цигари

17-годишна девојка е итно пренесена во болница со пробиено белодробно крило откако дневно пушела електронски цигари („вејпала“) во количина еднаква на 57 тутунски цигари на ден.

Збогум ОПЕК, добредојде ФУДПЕК

Нов документарец кој е работен цели 6 години, прецизно ја опишува шемата која стои зад многу, навидум неповрзани економки зделки ширум светот. Зад зделките стојат држави и финансиски инвеститори кои го разбираат значењето на новата дефиниција за „национална безбедност“. Ако во 20-от век главна беше нафтата, Големата приказна на 21-от век ќе биде храната и водата. 

Бајден и Зеленски потпишаа 10-годишен договор за одбрана

Следните десет години САД со договор ќе биде обврзан да ја помага одбраната на Украина, а во меѓувреме да помага и за нејзино приближување кон НАТО.

Снеможената Германија ќе ја повлече со себе и Еврозоната

Една деценија долгите катастрофални грешки доаѓаат да го наплатат данокот на долго време најмоќната европска економска машинерија. Годинава германската економија ќе „расте“ со скудни 0,2 процента а нодамнешните избори за Европскиот парламент дополнително ја потепаа надежта дека нешто ќе се избистри, барем на политичко ниво.

ЕУ ќе им залепи 48% давачки на кинеските електрични автомобили

Воведувањето на тарифите од речиси 50% Брисел го прави под оправдание дека кинеските електрични возила се на големо субвенционирани од кинеската држава, заради што можат да ја постигнат неверојатно ниската цена. Не само Пекинг, туку и Берлин е против овој потег.

Варуфакис го спомна етничкото чистење во Егејска Македонија

Ви го понудивме целиот разговор меѓу канадско-унгарскиот психолог Габор Мате и непослушниот Грк Јанис Варуфакис, но, да ви обрнеме внимание на еден детал од разговорот. Да, тоа што е во насловот. Да не испадне дека само ние нешто вергламе на таа тема и дека нема кој Грците да ги потсети наа повоените страдања на грчкиот режим.

Дали Макрон стана премногу токсичен за да победи?

Дури и сојузниците и партнерите на Макрон не сакаат ликот на францускиот претседател да биде на нивните постери или неговиот глас на радио рекламите, пишува магазинот Политико.

Милан Кучан: Никој не сака да зборува за причините

Нашиот Киро Глигоров и словенечкиот Милан Кучан беа едни од малкутемина разумни во распадот на Југославија. Не успеаја да направат тој распад да не биде крвав, но успеаја да ги заштитат барем своите земји. Словенците ја искористија шансата, ние - знаете. Вика, НАТО денес не е она НАТО во кое ние влеговме.

Ако ова е иднината на ЕУ, тогаш ЕУ има голем проблем

Интригантно е што европските медиуми го игнорираат фактот дека собирот на лидерите на ексклузивниот клуб Г7 на италијанскиот брег на Јадранското море не е ништо повеќе од помпезен куклен театар. Тие што Џорџа Мелони ги собра во Апуља, не знаат ни самите колку ќе траат по дома, не па да ја цртаат иднината на Европската унија и на светот.

Нешто е луто во државата Данска

Дали нивото на зачинетост и лутина на некоја храна е нешто околу што треба да интервенира државата? Данска мисли дека да. Нејзината државна агенција за храна повлече од пазарот еден популарен вид инстант тестенини од Јужна Кореја со образложение дека тоа е многу луто за нежните дански непца и мешиња.

Веќе има објавено награда за првиот соборен Ф-16

Руска приватна компанија ќе му плати 15 милиони рубљи, околу 170.000 фунти, на пилотот или кој и да е од руската одбрана што ќе го собори првиот Ф-16 над Украина.

Ова не е епизода на Саут парк

Една од најголемите канадски добротворни организации за борба со ракот се извини за тоа што го користела зборот „сервикс“ (грло на матката) а не зборот „предна дупка“, кој е поприфатлив за транс-лицата и не ги дистанцира истите.

Тројца тинејџери пред 5 години робија заради шлајфка врз ЛГБТ знаме

Мурал на една раскрсница во сојузната држава Вашингтон со ЛГБТ знамето е исцрнет со траги од шлајфки од електрични скутери направени од тројца тинејџери. Сите тројца, од кои двајца малолетници, завршија во притвор, а подоцна може и во затвор.

Брак како терапија за канцер

Пациентите кои се во брак било 33% помалку веројатно да умрат од рак, отколку пациентите што не биле во брак, а кај одредени типови на рак бракот бил поефикасен и од хемотерапија.

И Макрон оди на коцкарското „ол ин“

По крахот на неговата партија на европските избори, Макрон виде како во следните години  што му остануваат од мандатот му следува бавна смрт. Затоа се реши на неочекуван потег: да го распушти собранието и да распише предвремени избори. Дали од неговото „сè или ништо“ ќе биде „ништо“ како на Заев, за кое е заслужен токму Макрон со првото вето кое ѝ го зачука на Македонија. 

Мираж 2000 е добредојден за Украина, ама нема да заврши многу работа

Во претстојните месеци во Украина ќе пристигнат француските воени авиони од 4-та генерација Мираж 2000, и процената е дека, исто како и Ф-16, ова не е моделот што ќе му помогне на Киев.

Помагањето на сиромашните стана голем бизнис

Почнувајќи од 1980-тите, американската влада агресивно продолжи со приватизацијата на многу владини функции со идеја дека приватните бизниси ќе се натпреваруваат да ги испорачаат овие услуги поевтино и поефикасно од куп мрзливи бирократи. Се случи нешто друго: цел еко-сисстем од индустрии кои ќе живеат добро се додека на сиромаштијата ѝ е лошо.

Хантер Бајден осуден, можни 25 години затвор

Хантер Бајден стана прво дете на актуелен американски претседател кој е осуден за федерални кривични дела. Осуден е за сите три обвинувања во еден од двата процеса кои го чекаат пред ноември кога татко му ќе бара повторен мандат. Поротата толку брзо донела пресуда што на читањето на пресудата, во судницата не успеала да стигне ни мајка му на Хантер,

Стар Ајфон е само за во фиока

Технолошки експерти предупредуваат дека доколку поседувате Ајфон постар од седум години станувате отворена книга за секој што би сакал да упадне во вашиот телефон бидејќи Епл престана да ги поддржува овие модели.

Во фирми на Маск нема да може да се влезе со Ајфон

Епл влегува во партнерство со ОпенАИ кое треба да го внесе ЧетГПТ во уредите на Епл. На оваа вест, Илон Маск се закани дека ако така бидне, во неговите компании (Тесла, Икс, Боринг компани...), човек нема да може да влезе со уред на Епл, заради безбедност. Ќе треба на врата да го остави телефонот во Фарадеев кафез.

Помошникот на Зеленски што владее со Украина

Како што истекуваше мандатот на Зеленски така се повеќе високи украински владини функционери, претставници на одбранат и дипломатски извори, се испаничени од власта и овластувањата што ги има шефот на кабинет на претседателот, Андриј Јермак, пишува британски Тајмс.