
На девојката, именувана само како Кајла, и се слошило дур била на преспивање кај другарка по што колабирала и почнала да помодрува.
Откако е пренесена во болница, на девојката и е направена 5-часовна операција за отстранување на дел од нејзиниот бел дроб.
Подоцна се дознава дека Кајла неделно трошела по една електронска цигара од 4.000 „дима“, што е еднакво на 400 цигари неделно или 57 на ден. Девојката почнува со користење вејп некаде на 15-годишна возраст.
По нејзини зборови, мислела дека вејповите се безопасни.
Кајла била на доктор и пред последното колабирање, кога и дијагностицирале срцеви проблеми.