Се работи за градот Лимбург ан дер Лан, во сојузната држава Хесен, кој од пред некој ден е согласен да се екстреминира целата популација од некои си 700 гулаби ги има.
Одлуката беше изгласана во ноември 2023, а на референдумот кој се одржа пред некој ден истата ја потврдија 53% од гласачите, или некои си 7.500 гласови „За“.
Планот е да се тера по оригиналниот предлог од ноември, по кој за чистењето на гулабите ќе биде ангажиран соколар.
„Попрецизно, соколарот ќе ги намами птиците во замка, ќе ги удри по глава со дрвена палка за да ги зашемети, и потоа ќе им го скрши вратот,“ пишува Еуроњуз.
Чистката треба да биде извршена во текот на следните 2 години.
Забелешката на планот е дека освен што е непотребно суров кон птиците, такви обиди никогаш не успеваат, бидејќи преостанатите птици ќе се размножат и ќе ја надополнат популацијата.
Некои студии покажале и дека нивната популација може и да се зголеми по спроведување на ваква чистка.
Наместо убивањето препораката е подобро граѓаните да се натераат да престанат да ги хранат гулабите, и да им се постават вештачки гнезда од кои ќе можат лесно да се отстранат јајцата.