Кај пет типови рак, вклучително и оној на гради, простата или на дебело црево, бракот го намалувал ризикот од смрт за 20% повеќе отколку хемотерапијата.
„Имаме трендови кај повеќе канцерогени заболувања кои покажуваат дека оние што се во брак или имаат долгорочен партнер обично подобро минуваат отколку оние кои се обидуваат сами да ја пребродат болеста,“ објаснува онкологот од Јужна Каролина, др. Даниел Ландо.
Се работи за една постара студија која добива на популарноста откако се очекува дека годинава рекордни 2 милиона Американци ќе бидат дијагностицирани со рак, а меѓу нив посебно е загрижувачка експлозијата на случаи кај млади луѓе.
Студијата објавена во Журналот за клиничка онкологија, опфаќа речиси 735.000 лица дијагностицирани со еден од десетте најсмртоносни типови рак во периодот од 2004 до 2008. Во тоа време секој од овие типови рак резултира со најмалку 15.000 смртни случаи годишно.
Пациентите што биле во брак, обично биле 2,5 години помлади од оние што не биле во брак и главно биле бели мажи. Тие исто така било поверојатно да живеат во рурална средина и да имаат повисоки примања и образование.
Студијата покажала дека истата лоша статистика на немажените/неженетите важела и за вдовци и вдовици.
Едно од објаснувањата е дека ваквиот феномен се должи на тоа што партнерите нудат емоционална поддршка и ја намалуваат веројатноста пациентите да страдаат од депресија, стрес или анксиозност.
„Стресот доведува до воспаление на телото кое се верува дека помага во формирањето на ракот, негово растење и ширење,“ пишува Дејли меил.
Ќарот од бракот е и подобри оброци и подобра грижа за самиот себе, пример како редовно и доволно спиење.