Габор Мате спомна дека иако еврејскиот холокауст по многу параметри е злостор без преседан, само 50 години пред тоа, Белгија има масакрирано 10 милиони Конгоанци. Никој не зборува за тоа. Дополнителено, холокаустот на Евреите не е прв таков геноцид кој го имаат изведено Германците, премиерниот геноцид го имаат во Африка.
Па сепак, овие настани се „санитизирани“ од историјата.
Дури и денес, на пример, украинските бегалци во Канада се примани безусловно додека од Газа се примени само 1.000 и тоа оние кои имаат роднини таму.
„Има нешто евроцентрично во тоа кој страда а кој не страда,“ вели Мате и забележува дека ваков став би бил етикетиран како антисемитски, но со оглед на тоа што го кажува тој (кога имал само една година, мајка му Еврејка го има дадено на чување на други луѓе за да го спаси од Нацистите), може да се обвини дека е само-мразечки Евреј.
На тоа се надоврзува Јанис Варуфакис кој вели дека истото тоа го добива од Грците (дека е само-мразечки Грк) кого го критикува етничкото чистење што се има случено во северна Грција.
Пуштете од 3:54 од вредниот муабет кој го имате овде.