Во 2013 година, американскиот прехранбен конгломерат Смитфилд Фуд - најголемиот производител на свинско месо во земјата и производител на фамозната празнична шунка - беше продаден на компанија со седиште во Хонг Конг наречена WH Group во договор вреден 7,1 милијарди долари.
Тоа беше дотогаш најголемата кинеска аквизиција на американска компанија. Практично преку ноќ, WH Group, порано наречена Шуангхуи Интернационал, стана газда на една од четири американски свињи. Таквата огромна деловна зделка не остана незабележана, но помина.
За Нејт Халверсон, новинар во Центарот за истражувачко известување (CIR) од Емеривил, Калифорнија, договорот со Смитфилд бил само појдовна точка во многу поширока шема. Иако извршниот директор на компанијата, Лери Поуп, го увери Конгресот дека кинеската влада не стоела зад зделката, Халверсон нашол спротивни докази и детали за секој долар од државната Банка на Кина и нејзината „општествена одговорност“ во поддршка за „националната стратегија“.
Слична мотивација за „национална безбедносност“ стои и зад Саудиското купување земјиште од Аризона и Замбија, или рускиот увоз на американски каубои за управување со нивните стада добиток субвенционирани од државата.
Овие навидум неповрзани случувања го прават The Grab, возбудлив нов документарец кој, со запрепастувачка јасност, ги опишува потезите на националните влади и финансиските инвеститори навреме да дојдат до храна и водни ресурси.
„Ги гледаме само раните фази на она што ќе биде Големата приказна на 21 век“, вика Халверсон.
The Grab е сниман цели 6 години, режисерка е Габриела Копервејт (Blackfish).
„20-от век го имаше ОПЕК. Иднината ни го носи ФУДПЕК,“ вели Халверсон.